Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Пак сме по весниците .. сеа за местење натрпевари. Демек во Лига шампиони бил наместен натпреварот меѓу нас и Дебрецин. Не дека сме биле ние вмешани туку голманот на Дебрецин требало да прими 3 гола , а прими само 1 .

Ако се направи некако и докаже дека и ние сме мешале прсти .. казната е 2-3 лига. па муабетов што го терате 3 страни уназад може слободно...
 
Абе ако сме местеле бар да сме направеле нешто, вака ем местиме ем ништо не праиме :pos:
 
Ливерпул - Дебрецин се спомнува ДА но, ако добро го гледате образложението НЕКОЈ на голманот на Дебрецин му платил да прими повеќе од 3 гола. Сигурно не ЛФЦ како тим, за на крај утакмицата да заврши 1-0.

Логично би било ЛФЦ да не биде воопшто замешан тука, туку само голманот кој примил мито.
 
Ќе видиме, ќе видиме, само претпоставуваш!
И онака сме навикнати Ливерпул да го бери бостанот, не ме чуди убо да не залепат сега, му се укажа прилика!
 
Абе лошото за нас е самото тоа што сме спомнати , а доброто за оние кои не мразат е само нешто да се шушка околу нас , да чекаат коа да удрат и финиш , па после ние тука ќе дискутираме дали сме биле криви или не .. јас го прочитав образложението , но самото тоа што сме у вакви штампи scare me ..
 
Ќе видиме, ќе видиме, само претпоставуваш!
И онака сме навикнати Ливерпул да го бери бостанот, не ме чуди убо да не залепат сега, му се укажа прилика!

Сите ние претпоставуваме...и медиумите претпоставуваат.

Никој до сега не е излезен со официјално соопштение.
 
superstarpizza во твојот пост каде ги споредуваш кени, хоџсон и роџерс, се сложувам со тебе во многу работи, само во една не. во еден дел споменуваш дека роџо треба да добие време да учи од сопствените грешки, дека е млад и неискусен. то е се ок, АМА:
1.дали воопшто тој учи од сопствените грешки или ги повторува и
2.ШО Е МНОГУ побитно, дали ливерпул прерасна во еден нижоразреден клуб на ниво на виган, свонси или некој како нив, до вчера 2, 3 или 4 лигаш кој се пласира во ПЛ, па сеедно му е дали ќе опстани или не и за сметка на тоа си става млади и неискусни тренери за да „печат занает во премиер лига„ и ако им се трефни-супер ќе биди или е (беше) НАЈДОБРИОТ КЛУБ ВО ИСТОРИЈАТА на англија чии навивачи во никој случај не смеат да се задоволат со просечни резултати и неучество во ЛШ и не освојување на титула?

дали дојдовме на дереџе да се радуваме дека сме го тепале норвич или рединг и да свршиме од радост ако сврзиме 2 победи, а ко ќе дојди дерби да се молиме да не изгубиме со 2-3 разлика и да бидиме ПРЕЗАДОВОЛНИ со реми?
кога се случило ливерпул да не добие ни едно дерби во последните 20 години? кога се случило ливерпул да не можи да победи никого од топ 10 во последните 121 година? никогаш!

па како тогаш овај неспособниов да добие шанса да учи тука? колку да ве потсетам сите. ливерпул не е место каде некој треба да се промовира како стручњак. ливерпул е место каде треба да дојди некој светска класа менаџер-играч и да ОСВОИ ТИТУЛИ, оти нишо друго не се важи!

нас не ни треба тренер кој 3-4 години ќе не мафта по тавани дека демек напредуваме пополека, нас ни треба СПОСОБЕН тренер кој ОДМА ќе ни донеси ТИТУЛА!!! повеќе не смее да се чека, доволно е. управата, која ја гледам како кривец единствено шо го трпи роџо на клупа место да донеси некој асолен, треба да реагира соодветно во август и да донеси тренер кој знае што прави и кој ќе ни донеси инстант успех, а ако не титула во наредната година, барем 2 или 3 место, КОЕ ЕДИНСТВЕНО ќе го признаам за напредок. ова шо сега ни се случува не е напредок во однос на минатата сезона, туку назадување или најблаго речено, тапкање во место.
позз

Роџерс учи тоа е факт......
Ливерпул нема титула 23 години и тоа е факт...
Свршувам на секоја победа..... богами и тоа е факт!:D

Што се однесува до....
па како тогаш овај неспособниов да добие шанса да учи тука? колку да ве потсетам сите. ливерпул не е место каде некој треба да се промовира како стручњак. ливерпул е место каде треба да дојди некој светска класа менаџер-играч и да ОСВОИ ТИТУЛИ, оти нишо друго не се важи!

Ливерпул со последните 3 сезони неможе да биде атракција за Менаџер од светска класа без сопственици од Арабија или Русија.

А за инстант успехот..... треба да се донесе Арапин или Русин па да имаме инстант успех......не Менаџер!
 
Роџерс учи тоа е факт......
Ливерпул нема титула 23 години и тоа е факт...
Свршувам на секоја победа..... богами и тоа е факт!:D

Што се однесува до....

Ливерпул со последните 3 сезони неможе да биде атракција за Менаџер од светска класа без сопственици од Арабија или Русија.

А за инстант успехот..... треба да се донесе Арапин или Русин па да имаме инстант успех......не Менаџер!
Кога ќе те видам си пишал некој убиствен пост во 6 сабајле, секундарно ми се приспива :D :D
 
Кога ќе те видам си пишал некој убиствен пост во 6 сабајле, секундарно ми се приспива :D :D

А еби му мајката.... јас станувам у 5.... у 6 сум веќе на работа, спремен и со кафе пред мене!:)
 
А еби му мајката.... јас станувам у 5.... у 6 сум веќе на работа, спремен и со кафе пред мене!:)
А јас пак легнувам во 4 :), добро, важно е во секое време имаме дежурен на фан клубов...јас до 4, 4и 30 ти од кај 6 :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom