superstarpizza во твојот пост каде ги споредуваш кени, хоџсон и роџерс, се сложувам со тебе во многу работи, само во една не. во еден дел споменуваш дека роџо треба да добие време да учи од сопствените грешки, дека е млад и неискусен. то е се ок, АМА:
1.дали воопшто тој учи од сопствените грешки или ги повторува и
2.ШО Е МНОГУ побитно, дали ливерпул прерасна во еден нижоразреден клуб на ниво на виган, свонси или некој како нив, до вчера 2, 3 или 4 лигаш кој се пласира во ПЛ, па сеедно му е дали ќе опстани или не и за сметка на тоа си става млади и неискусни тренери за да „печат занает во премиер лига„ и ако им се трефни-супер ќе биди или е (беше) НАЈДОБРИОТ КЛУБ ВО ИСТОРИЈАТА на англија чии навивачи во никој случај не смеат да се задоволат со просечни резултати и неучество во ЛШ и не освојување на титула?
дали дојдовме на дереџе да се радуваме дека сме го тепале норвич или рединг и да свршиме од радост ако сврзиме 2 победи, а ко ќе дојди дерби да се молиме да не изгубиме со 2-3 разлика и да бидиме ПРЕЗАДОВОЛНИ со реми?
кога се случило ливерпул да не добие ни едно дерби во последните 20 години? кога се случило ливерпул да не можи да победи никого од топ 10 во последните 121 година? никогаш!
па како тогаш овај неспособниов да добие шанса да учи тука? колку да ве потсетам сите. ливерпул не е место каде некој треба да се промовира како стручњак. ливерпул е место каде треба да дојди некој светска класа менаџер-играч и да ОСВОИ ТИТУЛИ, оти нишо друго не се важи!
нас не ни треба тренер кој 3-4 години ќе не мафта по тавани дека демек напредуваме пополека, нас ни треба СПОСОБЕН тренер кој ОДМА ќе ни донеси ТИТУЛА!!! повеќе не смее да се чека, доволно е. управата, која ја гледам како кривец единствено шо го трпи роџо на клупа место да донеси некој асолен, треба да реагира соодветно во август и да донеси тренер кој знае што прави и кој ќе ни донеси инстант успех, а ако не титула во наредната година, барем 2 или 3 место, КОЕ ЕДИНСТВЕНО ќе го признаам за напредок. ова шо сега ни се случува не е напредок во однос на минатата сезона, туку назадување или најблаго речено, тапкање во место.
позз