Извинете ако ви идам оф-топик...... како и да е....
.... Батленд и да дојде ќе се врати назад на позајмица у Бирмингем.
Еве ја каков состав би пробал да изградам зимава + летово:
Вториот:
Тоа што останува:
Знам дека ова изгледа апла правење филмови и веројатно четвртина од ова нема да се деси, али ја мислам дека е можно да се направи ваков состав зимава и летото што следи. 2 квалитетни состави комотно да се направат со одлична поддршка од трет состав, сето тоа со само 8 ин трансфери.
Стариџ веќе е договорен за 12 милиони, него нема да го коментирам.
Туран наводно сака да си иде од Атлетико, мислам дека околу 17 милиони за него би биле доволно да го донесеме (ова би бил летен трансфер)
Виља го ставив ради шпекулациите со позајмица која има шанси да се случи зимава, иако лично јас не верувам во неа. Ако не се деси очекувам да купиме друг квалитетен напаѓач, такада таа позиција ми беше највеќе во мистерија. Како и да е очекувам квалитетен напаѓач да биде донесен (зимски трансфер)
Сантон го рејтувам многу високо уште од неговото време во Интер, Њукасл е во опаѓачка форма и ако не се кренат до крај на сезона можна е распродажба кај нив, па не би било лошо Сантон да го земеме (летен трансфер)
Ромеу отсекогаш сум го рејтувал у Челзи, само нормално дека кај нив младинците речиси никад не успеваат. Продукт е на школата на Барса, па сигурен сум дека би се вклопил во нашиов систем. И тоа не верувам дека би дошол скапо, можеби 7 милиони преку сила (летен)
Андре Ају, исто така играч кој го рејтувам многу. Марсеј играат топло-ладно, али ете моментално се бајаги високо на табелата во нивната лига. Ако не се задржат таму и ако не обезбедат ЛШ, би можеле да фрлиме добра сума на него која верувам дека ќе ни се исплати. Може да игра и како напаѓач. (летен)
Иско - Малага имаат огромни финансиски проблеми и им се заканува бан од европски натпреварувања, па ќе гледаат да го исплатат долгот до крај на март мислам. Ако се реагира зимава би можеле да го земеме за околу 15 милиони.
На ова рачунам и продажби на Керол, Спиринг, Кол, Даунинг, Реина, Пачеко (за кој за жал очигледно нема место тука) и неоткупување на Шахин на крај на сезона. Значи заминуваат 7, со добиените пари, намалената вкупна плата и инвестиција од газдите ќе можат да се додадат нови 8 играчи.
Па дури остануваат и огромните потенцијални играчи кои ги имаме во Стерлинг, Сусо, Шелви, Хендо, Борини, Јесил, Морган, Ибе, Виздом, Коатес, Робинзон и тн.
Уште еднаш да кажам дека ова не верувам дека ќе деси, али мојот состав од соништата вака би изгледал... само најверојатно и на тоа ќе остане.... на сонишатата...