Океј, океј у право е
Peja989 до негде, малце со ладна глава да размислиме сеа за ситуацијата која ја имаме, прееска бев пренапнат шо се изнервирав пошо не земавме напаѓач, али не се извинувам за тоа шо го кажав против сопствениците пошто стварно не заебаа. Ситуацијата вака изглеа неповолна кога ќе споредиме какви состави направија другите екипи и огромната компетиција која ја имаме. Али ете, тоа се тие играчи шо ги имаме сега на располагање. Кога ќе го видиш составот и кога ќе ја извадиш најјаката 11ка, таа не изгледа толку лошо.
Реина, Џонсон, Шкртел, Агер, Енрике, Ален, Шахин, Џерард, Даунинг, Борини, Суарез.
Проблемот е у тоа што немаме замени, како што кажа Пеџа барем не продадовме првотимци, али проблемот е што немаме доволно квалитетни замени за задржаните првотимци, поготово во нападот. Џабе ќе се надеваме на Борини-Суарез партнерство кога они многу ретко ќе играат заедно, може само во големите натпревари. Тројцата напред најверојатно ќе ротираат: Суарез, Стерлинг, Даунинг би била една постава, Борини, Кол, Асаиди друга. Пачеко, Морган и новиов Јесил ако го убациме би биле од оние што ќе чекаат шанса од задните редови и во малите натпревари во домашните купови. Средината сега кога Лукас е повреден би била Ален, Шахин, Џерард. Хендо, Шелви и Сусо (?) нивна замена. Се надевам дека сега кога ги нема Адам и Спиринг, а Лукас е повреден, дека и Сусо ќе добие некоја шанса. Одбраната е добра. Џонсон, Кели, Флано десно, Енрике, Робинзон и Даунинг кога ќе покрие лево, центар Шкртел, Агер, Коатес, Кара и ете ептен криза ако фати и Дени Вилсон ако остане. Едино мојата желба да донесеме некаква колку-толку компетиција за Реина остана неисполнета.
Делот кај што сум разочарaн е ветениот напаѓач кој не го добивме, да дојдеше тој се ќе беше многу полесно. Морган ќе можеше да си иде на позајмица за искуство, а Јесил ќе си играше со младите дур се вклопи во Англија. Али што е тука е. Покрај него едно крило супер ќе ни дојдеше пошто ако ни се повреди некој од актуелниве што ги имаме ќе мораме пак Хендо да го форсираме десно или да вадиме некој од академија. Единствениот на кој можам да помислам е Ибе, али тој не се снајде на подготовките, а камоли на компетативен натпревар па што ќе напраи.
Резимирано, со овој состав сме underdogs за било каква шанса за ЛШ, само да се надеваме дека ќе бидеме потценети од другите клубови, па тоа да го искористиме у наша полза.
In Rodgers we believe! You'll Never Walk Alone !!