Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Има официјални податоци за колку пари е позајмен? Ја читав дека 5м е позајмицата за една година плус голем дел од платата ќе му ја плати Ливерпул и исто така не знам дали ќе има клаузула за одкупувајне, некаде пишува да некаде не иако мислам дека нема.
 
Не ме сфаќајте погрешно, добар беше момаков во Дортмунд, ама мислам дека ќе заврши како Аквилани.
Нема изиграно во година и нешто повеќе од две утакмици и тоа на тренинг. Вака наеднаш во најдобрата лига, каде што ќе се нема милост... право огнено крштевање.
 
Ајде конечно дојде и Шахин. Таман за мало енфилдско деби да има против Хартс у четврток и првиот старт да го добие против Арсенал :P
 
Опа ќе се следи уште една екипа во ПЛ најс. Да го средите и да го вратите, за догодина ќе ви шибнеме некој од кантерата за ефтино, чисто да се одржуваат добрите односи :D.
Ако игра добро не го враќаме :coffee: Имало немало калузула не го враќаме. Ќе го скриеме негде во некој плакар и не го даваме :sneaky:
--- надополнето: 25 август 2012 во 17:54 ---
Не ме сфаќајте погрешно, добар беше момаков во Дортмунд, ама мислам дека ќе заврши како Аквилани.
Нема изиграно во година и нешто повеќе од две утакмици и тоа на тренинг. Вака наеднаш во најдобрата лига, каде што ќе се нема милост... право огнено крштевање.
А зошто ни го дава Мурињо на позајмица?? :icon_lol:
 
Ако игра добро не го враќаме :coffee: Имало немало калузула не го враќаме. Ќе го скриеме негде во некој плакар и не го даваме :sneaky:
Абе сега тоа ваше си е, ако сакате по завршувањето на сезоната врзете го и со синџири. Ако успее да помогне до дојдете во топ 4 на крај слободно киднапирајте го.
 
Има официјални податоци за колку пари е позајмен? Ја читав дека 5м е позајмицата за една година плус голем дел од платата ќе му ја плати Ливерпул и исто така не знам дали ќе има клаузула за одкупувајне, некаде пишува да некаде не иако мислам дека нема.
Било да се 5 милиони со се пари за позајмица и плата вкупно, или пак вкупно 9 јас мислам дека е ова добар потег. Ионака платата ќе му ја дававме на некој копук (а се надевам Кол,Адам,Спиринг ќе си одат и ќе ослободат уште место за плати) а и тие 2-5 милиони за позајмицата ќе ги дадевме за некој шабан и в година ќе му го раскиневме договорот за да се отарасиме од него. Така да не смее да има плачење од нашиве
 
Ајде бе коа ќе биде претставен овој, едвај чекам да видам слика од него на Мелвуд...
 
Медицинските прегледи биле закажани дури за во понеделник. (n)

И уште не можам да најдам дефинитивна информација за парите и клаузулата. Некаде вкупно 5, некаде 5 плус плати. Некаде тврдат дека имало опција за откуп, некаде не ....
 
Сум се напалил за утре ко мрднат. Тиквава вика ќе го сркаме ама срцево вика 2-0 за нас:) никој не ја сањаше да ја искоби така?
 
Сум се напалил за утре ко мрднат. Тиквава вика ќе го сркаме ама срцево вика 2-0 за нас:) никој не ја сањаше да ја искоби така?
1-3 сме го јаделе и тоа хет-трик на Агуеро ,а овој е повреден што значи наша ќе биде :sneaky:
 
Сум се напалил за утре ко мрднат. Тиквава вика ќе го сркаме ама срцево вика 2-0 за нас:) никој не ја сањаше да ја искоби така?
Јас и S.L. ја местевме т.е ја зарековме да испадни баш 2-0.
Со ВБА праевме чаре за 3-0 за нас ама обратно испадна. Да видиме сега дали ќе успееме
 
Ја не поставувам никакви предвидувања за утре, пошто често се дешава клетник да сум. Само знам дека иам голема надеж за победа.

П.с: И пошто ете ја не предвидувам резултат, се замолува господинот од Биафрата да не ги предвидува утрешните стрелци. Чисто да си превземеме мерки за претпазливост :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom