...................................
Гледајки ја ситуацијава во моментов кога реално клубов остана празен, после големата чистка.
Според мене ФСГ најверојатно првото назначување а воедно и зачетокот ке го прави токму од позицијата за која се планира Чики Бегеристијан (не дека тој е најсигурниот за таму).
Верувам дека после пополнувањето на таа позција коцките ке се редат надолу според желбите на истиот тој човек кој ке биде назначен за таму.
Во ова сум убеден затоа што во било кој друг случај не би имало логика сета оваа чистка во клубот.
А ФСГ токму тоа и сакаше да го направи кога дојде..... Самите тие најавија промени во клубот од КОРЕН.
Според последните гласини, но и според изјавата на Кројф каде то самиот кажа дека ја одбива понудата за таа позиција поради местото на живеење и дека го предложил Чики.
Очекувам дека токму тој ке биде првиот новак во клубот од каде што ке почнуваат сите работи.
Не верувам дека ФСГ, Хенри и Вернер ке си дозволат да направат фатална грешка и да се доведат во позција да тие самите избираат Менаџер на клубот.
Е сега гласината што излезе дека ФСГ бараат тренер нешто под 45 години, најверојатно не е точна.
Според последните гласини кои ги читам тие не потенцирале никаков лимит за годините, туку само потенцирале дека ке се бара Менаџер кој што ке може да го води клубот минимум 5-7 години.
Најверојтано првата задача на Чики ке биде токму таа.
Со оглед на тоа што веке ги знаеме неговите соработници, можете да претпоставите кој ке биде неговиот прв пик.
Спека да почекаме и да видиме како ке се одививаат работите, синока од преголема возбуда неможев да заспијам.
Во мислите ми се вртеа најразлични комбинации на тоа кој ке застане на Директорското место, кој ке биде новиот Менаџер.... кои играчи ке ги донесат тие, итн инт...!