Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Дечки, ај некој ако можи да ми најди линк за да ја симнам од 2005 една утакмица од ЛШ, Ливерпул- Челзи мислам играја, и гол даде еден...Луис Гарсија се викаше ми се чини :)
Само ако можи да биди со Англиски коментатор од Бугариве не ги разбирам :)


Ако си барал а не си нашол.... пролистај тука би требало да го има (можеби под некое друго име)
 
Дечки, ај некој ако можи да ми најди линк за да ја симнам од 2005 една утакмица од ЛШ, Ливерпул- Челзи мислам играја, и гол даде еден...Луис Гарсија се викаше ми се чини :)
Само ако можи да биди со Англиски коментатор од Бугариве не ги разбирам :)


Види на Zamunda.NET или The Pirate Bay, не смеам да постирам линкови од торенти... :)
 
Овој Овен треба да се запали и да се глеа како гори.
 
Дечки, ај некој ако можи да ми најди линк за да ја симнам од 2005 една утакмица од ЛШ, Ливерпул- Челзи мислам играја, и гол даде еден...Луис Гарсија се викаше ми се чини :)
Само ако можи да биди со Англиски коментатор од Бугариве не ги разбирам :)


Заебаваш, нели? :)
 
Добро, кој од вас го проколна човекот? :P

ŠOK U DORTMUNDU: Povredio se Mhitarijan

Кој не :D :D
--- надополнето: 17 јули 2013 во 02:17 ---
Заебаваш, нели? :)

З'ш бе? :)
Ако мислиш на стрелциве и резултатот и сето тоа, фала богу оти се заебавам, сигурно Бишчан не го даде голот :D
 
or1gfd.jpg


:ROFLMAO:
 
Иритиран од шпекулациите за Бернард изгледав доста видеа од него на youtube. Прво што приметувам кај фудбалер е дали игра фудбал со двете нозе, овој игра. Следно што приметувам е во согласност со физичките предиспозиции на кој позиција би имал максимален учинок за тимот; овој е од моделот на Меси(иако Меси игра само со лева)-низок, брз како молња, брзо менува правци(ниска точка на гравитација) и не се плаши од игра со топка така што најсоодветна позиција би била АМ(L,C,R).
И сега, бидејќи ми фати око момчево седнав да ги разгледам опциите.

1.jpgЕве според мене како стојат моментално работите со првиот тим кој всушност има неколку огромни прашалници на неколку позиции. Како најранлива е LB и делумно RB(Wisdom не е wingback како и Kelly). На клупа има човек за скоро секоја позиција како за хартија, а колку тоа Borini или Aspas и Henderson/Allen се соодветни за смена на Suarez или Sturidge и Lucas тоа е нова тема за дебатирање.


4.jpg Еве ситуација каде Ѕuarez е продаден и според сите шпекулации до овој момент каде што не се наговестува кој би го заменил, само го тргнам него. Истите `маки` во одбрана, во нападот повторно има секој своја замена. Но, Стариџ е повреден прашање е колку ке биде подготвен да биде прв избор и во тој случај или Borini или Aspas би влегле на неговата позиција. Aspas пак би го заменил Downing или Sterling.

Заклучок, не гледам да го потпишеме Бернард(кој има различен пристап на играта од Мхитарјан) без да се испразни место од Suarez или Downing. Сепак сме на половина од трансфер периодот и сигурно е дека ке има некакви промени, но ова еве една чисто провизорна слика за наредната сезона.
Се надевам дека успеав да ве скокотнам и да ви ги пренасочам за момент мислите од BlackUp на тимот за наредната сезона.:P
 
Mileisreknisibile баш за ова зборувам. Нас не ни треба уште еден креативец, нас ни треба играч од средина кој ќе постигне 10+ лигашки голови, овај Бернард го немам гледано ама сигурно е креативец, ама на овој Ливерпул му треба уште еден стрелец од средина, шансите беа тука лани, ама освен Суарез (и од полусезона Стариџ) немавме некој изразит стрелец (Џерард даде 10 гола ама 6 од пенал). Додека пак за бековите немам примедба многу сепак неможиме да го смениме Кели и Виздом на бек ап (не се офанзивно ориентирани ама сепак се квалитетни играчи).
 
Бернард не е креативец од типот на Кутињо, повеќе е работник многу трча и е страшно брз. Тука би рекол дека можеби и би бил покорисен од Мхитарјан во тие second option моемнти. Ама пак во дефанзива е минус во споредба со ерменецот. Затоа и реков не ми е логично да се ангажира ако не лета некој од Даунинг или Суарез. Еве Левицата вика дека сака да остане и дека ке дал се од себе да се подобри. Рекламата на Суарез ја читам како средство за надигрубање со медиумите каде он ги прибира негативните поени ама го прави тоа на еден шмекерски начин, што според мене можеби и се гради атмосфера да остена во тимот(само ако не дојде 45-50+ понуда).

Кога сме кај тој goalscoring midfielder најверојатно одговорот Брендан ке го бара измеѓу Ален, Алберто и Хендерсон. Џордан на неколку од последните мечеви го гледавме на позицијата на Лукас или заден везен. Можеби тоа било само тест, ама мене ми е пологично на таа позиција да игра тој него Ален и Алберто, од каде што би се добил одговорот за goalscoring midfielder. Ако земеме дека Џерард и Лукас се константи, ова трио треба доста да го испоти газето за да дојде до израз.

Јас Кели не го гледам на RB не е брз нема техника на потребно ниво, тој според мене ке се бори со Шкртел и Туре за CB. Многу пологично решение за бекап на тоа место е Виздом кој може да пушти чекор и да се даде како опција за напад и притоа брзо да покри назад, ама ако отиде на позајмица паѓа сиот муабет во вода. Тогаш можеби и во Меклохин ке се бара бекап опција.

Сакам да ги чијам и вашите мислења за нареднава, дајте да спориме да го натераме некого да се почуствува како загрозен.:D

Инаку многу ме интересира на што алудираше Левицава со дресот. Ми личи како да вика: Ајде еве го мојот нов дрес во боите на Вес Хем, ајде и да се сликаме за сајтот...Наааа што ке ме видите во него!!!:D 4:00~4:20
 
И јас едно време мислев Хендо да е goalscoring midfelder, ама повеќе од 5-6 гола нема да даде, Брендан веројатно во текот на сите пријателски ќе го проба на заден везен пошто виде оти Ален не го бива за таму, додека сме кај Ален и тој неможе да биде играчот од кој ќе очекуваме да дава голови, тој е едноставно линкот меѓу средината и нападот и одбраната и средината.
Повеќе би сакал Ериксен да дојде т.е. отсекогаш сум сакал Ериксен да дојде па така би имале одлична напаѓачка линија и ако остане Суарез ќе имаме опција плус во напад за ротирање. Мене ме буни само десната страна и Даунинг од кој ретко кога лани имавме продуктивност, ама веројатно тој ќе биде стартер и ќе се ротира со младинциве (Стерлинг, Ајби), кои патем не би требало многу да се форсираат Стерлинг секако некако, ама Ајби мора да биде резервиста, или пак можеби таму некогаш ќе игра Аспас или Алберто. Како и да е со самото потпишување на уште еден офанзивец имаме ите како избор на добри и врни напаѓачи.
За Кели се слагам оти не е играч кој поседува техника за да игра бек, ама мислам оти Роџерс може малку од малку да му вгради во него и некое офанзивно знаење, сепак мислам оти би биле добар бек ап за Џонсон, кој по потреба при отстусво на Енрике би играл на лев бек (го заборави во твојот пост Фланаган). Виздов нема да оди никаде барем така беа зборовите на Роџерс. Со останување на Суарез и купување на Ериксен би имале одлична екипа, сепак не зависи се од нас, зависи и конкурентиве какви засилувања ќе донесат, но ние имаме еден голем плус од Арсенал, Тотенхем, не играме во Европски натпреварувања а тоа доста значи, и доста ќе дојде до израз накај Февруари месец. Но има време не очекува напната и возбудлива сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom