Суарез мора да го смират само од една проста причина а тоа е да не им даваме на медиумите што да пишуваат.Прв стрелец е од пред месец -два а една реченица немаше на скај спорт за него.. а од вчера 10 видеа излегоа и изјави за гризот на Суарез.. едвај чакаат,ЕДВАЈ.
А продавање не смее во нитуеден случај па макар и убил играч на терен.И тоа од две причини,прво ни е најдобар стрелец.. ај тоа што ни е најдобар стрелец, немој да мислите дека играчи како Левандовски,Ериксен би га пополниле отсуството на Суарез..Типот е уникатен а дента кога ќе си отиде ,тоа ќе биде крај за ЛФЦ али буквално крај. Ниеден играч неможе да има такво влијание на теренот што во нитуеден момент незнаеш дали ќе дрибне,дали ќе шутне итн..
Втора причина ,доста ние изиграваме добри момци... Кантона,Кин зашто не биле избркани т.е продадени од Јунајтед??Или само нашиве се дивјаци?? Не треба да паднат нашиве на такви провокации ,демек срам за фудбалот,срам за Ливерпул ова она.. а не е срам да играме во втора лига?? Нема да биде срам уште 10 години да не се пласираме во ЛШ??
Продајте го Суарез титула не ви треба важно срам нема да бидете.. доволно срам е тоа што од 22 години само 2 пати сме се бореле за ПЛ..дај боже да имаме вакви повеќе срамови како Суарез во тим кои даваа по 30 гола у сезона..дај боже..