Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Тоа Даунинг, браво. Тоа е тоа што го зборев дека ќе го гледаме од него по десната страна сезонава. Браво :)
 
Абе џабе. Ќе ни го спаси газот Даунинг како што изгледа ама од играта ништо. За тики така треба фудбалска интелигенција. Инаку секоја будала ќе играше тики така. А ние имаме приличен број безмозочни фудбалери во клубот. Само ме чуди како интелигентни играчи како Хендерсон и Џерард не сфаќаат што се бара од нив. Упорно Џерард со долги топки и со некои ризични подавања. Премногу топки продаде. Енрике нема два грама мозок. Ако продолжи вака ќе ја грее клупата. Толку глупав шпанец не е можно да постои. Лукас е измислен за ваквата игра. Кратки, точни пасови онаку каде што е најсигурно и најбезбедно. И тоа со преку 90% точност. Ќе ни треба Ален за играва и те како. Адам и Аквилани да се продаваат да се носи Ален што побрзо. Стерлинг на позајмица. Џонс да брани што е можно повеќе. Дони да си оди ако не му се седи. Еве го Џонс, добар е ќе покрива.
Сусо под итно во првиот тим. И те како ќе се вклопи во играва. Исто и Пачеко. Ако е паметен Роџерс ќе го сфати ова по утакмицава. Ако не е - сите ќе страдаме
 
Ќе треба многу работа и труд да вложи Роџерс. Мора многу да се корегира у составов, има време дур ние заиграме он ко што сака. Само нормално треба да му дадеме време на човекот. Мислам дека за Стерлинг мора позајмица. Вака никад нема да може да се развие ко правилен играч.

Инаку според мене денешниот МОТМ:

boro__77.jpg


- A man who was born a legend and will be remembered as such! :)
 
Еве ме после скоро 1 месец. Честитки за Борини, солиден напаѓача ама далеку од нешто WOW.

Не сум многу разочаран од денешниов натпревар со оглед на тоа што е инкогнито противник и е прв официјален натпревар сезонава, мада беше ужасна играта на лфц.

П.С. Дали тоа сезоната официјално почна со гол на Даунинг :eek:?
 
Јас никогаш не се сомневав во него.

Ако (ете, дај боже) се случи нешто продуктивно со тимот оваа сезона, тоа ќе биде на грбот на Даунинг.
 
Оваа недела што престои треба да очекуваме дури четири нови имиња .. :)
Баш ме интерсира од кај ви е ова информација бидејки јас немам официјална изјава видено. Или па пијан сум?
 
Баш ме интерсира од кај ви е ова информација бидејки јас немам официјална изјава видено. Или па пијан сум?
Се врткаја по форумиве такви изјави ... па сеа колку е точно незнам
 
Дечки прво и основно давајте хајлатси од натпрварот оти овде фати невреме па неможев да го гледам.....
Второ....тика-така не се игра така лесно. Дури и на Барса му требаа 2-3 години за да почне да ја игра (т.е. да ствара добри резултати) , а неможиме со играчи како Адам, Спиринг да ја играме (другиве мислам оти со тек на време ќе се свикнат), значи чим го ставивме Роџерс на чело, мораме и ние да се навикниме на тоа оти ќе ни треба време, колку и да не ни се допаѓало тоа......
 
Јас никогаш не се сомневав во него.

Ако (ете, дај боже) се случи нешто продуктивно со тимот оваа сезона, тоа ќе биде на грбот на Даунинг.

Јас малку се сомневав, знаеш...морав, така ми наложија форумџииве тука :) Се шалам.

Ако се продаде Агер, Керол на позајмица, веќе Макси и Кајт ги нема...Белами најверојатно ќе иде аут. Тоа е огромен дел од ланскиот прв тим....ептен ќе отидеме во була. А за продуктивна сезона знаеш и самиот дека е крајно не веројатно да имаме.
 
Дечки прво и основно давајте хајлатси од натпрварот оти овде фати невреме па неможев да го гледам.....
Второ....тика-така не се игра така лесно. Дури и на Барса му требаа 2-3 години за да почне да ја игра (т.е. да ствара добри резултати) , а неможиме со играчи како Адам, Спиринг да ја играме (другиве мислам оти со тек на време ќе се свикнат), значи чим го ставивме Роџерс на чело, мораме и ние да се навикниме на тоа оти ќе ни треба време, колку и да не ни се допаѓало тоа......

Дан си од Струга?
Ако си, не ти даваме хајлајтс. :icon_lol:
 
Не сум, некој 12-13 пати имам кажано оти од Крушево сум....;)

Не бе, не сум заприметил. Знам дека во Монастир си на вакултет. Крушево, а? Најс.

Пак немат хајлајтс, ме мрзит да барам, имам љиљак в соба, се расправам цела вечер. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom