Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Абе не игравме толку лошо колку шо е лош резултатот.
Мада барем она Салах да го дадеше ќе бев задоволен, ама вака со 0 у гости... тешко, многу тешко ќе биде оваа ут да се врти, ама ајде верувам дека ќе направат нешто специјално.
 
Како бе можи онакво нешто да промарши. Ах три сто процентни една да влезеше се ќе беше поинаку.
 
Разликата е што Барселона го има Меси, а ние го немаме. Прилично изедначен беше натпреварот, ама резултатот друго покажува. Штета во секој случај, моравме да постигнеме гол, имавме многу шанси.
 
Не ми е јасно како овој напад лани кинеа мрежи на контри сеа еден напад не можат да склопат, ќе се испосопкаат у противнички шеснаестерец, баш вакви голови лани Ливерпул постигнуваше, со леснотија. Џабе да контролираш цела игра кога нема ефект. Плус барсава провокатори тешки се, све со тоа се бават, ко еден дел од тренингот тоа да им е, ич не ги сакам шпанскиве екипи искрено од таа причина.
 
И лани и годинава истата прикаска е, кога први ќе примат гол се големи паничари и не знаат кај тераат. Среќа што одбраната се поправи па не примавме толку често први гол. Со една Sвезда се изгубија скроз.

А и Трент колку фалеше, доколку бековите ти се најкритични и годинава имаат 20+ асистенции, не можи тромавиот Гомез да ти креира акции. Сто пати со него во тимот играта страдала.
 
Шансите се мали, но сепак се тука, така да, наше е да се надеваме!!!
 
Жално е што оваа сезона ќе ја завршиме без трофеј. Можеби единствената откако го гледам Ливерпул каде може да се кажи дека нема нешто што му фали на тимот. Секогаш или имало слаба клупа, или многу повреди или реконструирање. И во сезоната со најдобар состав ни се случуваат Гвардиола и Меси...

Излезе без јајца овај пат Клоп, одеше на сигурно да не се прими гол и да се игра на контри, но Валверде го надмудри, постигнаа први, се затворија, а против тим со хендикеп на десен бек и Вајналдум како полу-шпиц имап големи шанси да извлечиш позитивен резултат.

Знаејќи го Клоп сега против Њукасл дополнително ќе ги умори истите играчи, Барса со Меси имаат големи шанси да постигнат мин еден гол па за проаѓање понатаму ќе требаат минимум пет што е невозможно.

Прв пат по 20 години нема да очекувам трансфер маркет како што сум очекувал, од ваква сезона подобра тешко и да се очекува, да не беше поразот од Сити можеби ќе завршевме и како incincibles. Сепак жално, тажно, загреота, што и да се кажи би било малку...
 
Ајде бе може ќе се повампират ако им дадеме 2 гола до 60та наши се( надеж лвл 10000)

Sent from my SM-A530F using Tapatalk
 
Еве како навивач на Барса:

Честитки!

Бевте подобри во двата меча,во првиот среќата не беше на ваша страна ама во вториот ни покажавте како се игра фудбал и зошто е интересен спортот.

Со среќа во финале ви посакувам да освоите!
 
Финалето ЛШ со Милан, и оваа со Барса. Уф! Немам скокано вака по дома за ниеден тим што не е Реал :D

Две години по ред финале ЛШ не е случајност, душата и ја извадовте на Барса. Честито, немам зборови.
 
Многу ме бендисува ова Џини што го игра офанзивно, се гледа дека таму припаѓа човекот и чмае само на позицијата која го играше до сега. Сакам со истиов тим и финалето да го игра, сигурен сум дека бар едно 3 гола ќе стават пак. Играњево со класичен напаѓач му дава една друга димензија на тимов од мувла напад го претвара у нешто страшно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom