Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Да, можеби Дортмунд е фаворит ама ќе биде далеку потесно него со Тотенхем. Клоп го знае тимот многу добро иако нормално дека напреднаа под Тухел. Ќе биде спектакуларно.

Не очекува спектакл. Ова ќе е подобар двомеч дури и од поголемиот дел од 1/4 финалните средби во ЛШ. Нема да ти речам нека победи подобриот оти ќе те излажам. Ако сака Ливерпул ракомет нека игра, само да продолжи понатаму. :D
 
Не очекува спектакл. Ова ќе е подобар двомеч дури и од поголемиот дел од 1/4 финалните средби во ЛШ. Нема да ти речам нека победи подобриот оти ќе те излажам. Ако сака Ливерпул ракомет нека игра, само да продолжи понатаму. :D
Мотивација плус за Ливерпул е што победникот на ЛЕ директно оди во ЛШ.
 
ај белким Клоп ептен добро ги познава неговиве па ќе знае да постави игра хахаха , на оваа карта да се вадиме :)
 
Не очекував дека ќе ни паднат сега. Тогаш тапа финале ќе гледаме...

Ама се радувам што играме утакмици од висок калибар. Му фали на овој тим тоа.Отворен фудбал ќе има нема да има многу тактизирање и бранење.Идеме на победа,Клоп ќе мора да ги разочара.
 
Проклет да си.
Xaxaxaxa,ако сакаш да освоите,мора да ги победувате најдобрите :D
Чим тепавте тим како нас што игра атомски фудбал,со овие лесно ќе ви биде :D
 
Стварно му се дивам на Флано. После онакви две хорор повреди да се вратиш посилен е нешто за респект. Ајде кај Кени и кај Роџерс ја доби довербата, ама и кај Клоп за кој нема врзано ни 3 месеци тренинг а да го натераш лично тој да ургира да добиеш нов договор...не знам. Флано е еден од ретките профили на играчи денеска, кои не се многу технички потковани, но со нивната борбеност, лојалност и истрајност пленат. Тешки да имаше и уште многу играчи со срце и желба за игра како Флано, фудбалот ќе беше и повеќе од најдобра споредна работа на светот. Секоја чест момче, гордост и чест ќе ми биде да те гледам низ годиниве во Црвениот дрес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom