Абе мишеви че тепаме денеска???
бтв, ми делува дека Роџерс си даде автогол некако со Балотели бе
од формација со
------------------------Џерард
-------Хендерсон
------------------------------------Кутињо
-------------------Стерлинг
----Стариџ---------------Суарез
каде што Кутињо ги разигрува сите тројца со топки во празен простор, каде што сите тројца даваа 100% на секој натпревар, 100% во секој дуел со противнички играч, каде што не можеше да се замисли натпревар без три гола во противничка мрежа, сега шо прајме бе????
некоја си 4-5-1 формација каде што единствениот шпиц нема ниту еден спринт 90мин, да го допри некој и да стани од трева му требаат 5 мин, уште 10 други причини кои ме мрзи да ги пишувам сега а треба да бидат за мрзата негова на терен. Формација каде што сите играчи делуваат како да имаат по 30 кила и не можат да добијат дуел со противнички играч, каде што не можи да се задржи топка во напад(премногу лесно ја губат), значи ептен е неспособен нападов годинава. Погрда игра немам гледано од времето на Хоџсон... Алооо Роџерс свестисе и што е можно нека има промени оти ова не се трпи повеќе. Настрана индивидуалните квалитети на Балотели, али според мене не е играч за Роџерс стил на игра, моментално тотален промаршај, закочена игра во напад, нема флуидност, нема отворање, нема ништо.
Туку нека се враќа Стариџ шо е можно побрзо затоа што моментално ми е единствена надеж како разлика на табела од 7 без него и топ4 со него.