Лил, хммм.................. незгодна екипа!
Инаку одлична партија на Капетанот и Бабел!:smir:
Џерард најдобар англиски стрелец во европските купови
Капитенот на Ливерпул Стивен Џерард го постигна третиот погодок за својот тим на синоќешниот дуел во победата од 3:1 на гостувањето во Униреа во 1/16 финалето од Европа лига и така стана водечки стрелец во историјата на англискиот фудбал. Џерард го постигна својот 33-ти европски погодок, а го помина на листата на стрелците Алан Ширер кој вкупно имаше постигнато 32 гола (30 во дресот на Њукасл) и два во дресот на Блекбурн. "Секогаш е убаво да се постават нови рекорди, но најважно е што поминавме во следната рунда" изјави скромниот Џерард по пласманот во 1/8 финалето од Европа лигата каде "црвените" ќе играат против екипата на Лил. Постигнувањето на Џерард го поздрави и менаџерот на Ливерпул Рафа Бенитес. "Ова е клуб на рекордери клуб кој држи големи рекорди, каде неговите играчи држат големи индиведуални рекорди. Ова е големо остварување за Џерард, но исто така тоа е многу важно и за Ливерпул."