Фан клуб : Лина Ѓорческа

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Александра Крунич ќе го игра својот 30. меч на тревната подлога против Лина, дури седми годинава (има скор 4-2), а целосно во кариерата 17-12.
Најдобар успех и е трето коло во главниот жреб на Вимблдон 2015 кога загуби од Венус Вилијамс, 6-3 6-2.
Првично квотата на Крунич беше околу 1.30 за што бев реално зачуден, сега гледам просечно на кладилниците 1.05 :)
Топче е, Лина има одличен сервис и силни удари... меѓутоа со оглед на сите факти тешко дека би можела да изненади, сепак никогаш не може да се знае како ќе тргне еден меч, па и турнир во целина. Доколку "направи чудо" и оди во второто коло, патот ќе и биде значително олеснат. :)
 
Да не знаете пренос дали ќе има како на Австралијан опен што имаше на нивната страна?
 
Пренос има само од терен 11 за квалификацииве. Лина ќе игра на терен 15. Само статистика ќе има за следење.
 
На Еуроспорт 2 видов дека има некакви си преноси од Вимблдон квалификации но не знам од кој терен и дали воопшто ќе даваат од мечов со Лина.
http://www.eurosport.rs/ Скролајте надоле и имате тв водич но за жал не пишува кој мечеви се.
 
Објективно 5-6 гејма да освои успех ќе и биде, бољи што ќе нема пренос :D
 
А која е по ред Лина и на кој терен?
 
Ќе игра и квалификации во двојки заедно со русинката Полина Монова. (Монова има скор 34-1 во двојки годинава). Ќе играат против американките Weinhold A. / Whoriskey C. И овој меч треба утре да се игра, но со оглед на тоа што утре пак се очекува дожд, тешко дека утре ќе биде одигран.
 
Досаден тенис. Брејк во првиот гејм на нејзин сервис и толку. Тремаата.
Инаку влез во прво коло 40.013 еврејќи. Шубо.
 
Пораз на Лина 6-4 6-4. Два идентични сета брејк во прв гем, и така до крај.
На свој сервис Лина и не беше толку лоша, од 10 гема зема 8 (80%), не е лош процент за женски стандарди, ама недозволиво е против тенисерка висока 163 цм со никаков просечен сервис да не стигнеш до брејк топка.
 
Јебига, прв меч на трева икада, не е лошо. Мора летово подобро да го изработи и добро да се припреми за УС Опен. Мислам дека највеќе ќе и одговара таа подлога, има добар сервис и форхенд, мора да го искористи тоа и да влезе во главен ждреб. Под итно и треба некој таков резултат за да се опушти повеќе и да пркне побрзо, а секако и да ги батали ИТФ турнирите.
 
6-3 прокоцкаа во тајбрејк во двојки :facepalm: За во тајбрејкот да изгубат 6-8 :facepalm:
 
Се враќа нa земја после Вимблдон. Другата недела ќе биде прва носителка на турнир во Франција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom