Ретко постирам во последно време ама активно следам што се случува. Сепак денес се решив да пишам збор-два.
Во финалето навивав за Куманово и сакав да станат прваци но реално Мзт имаше поквалитетен состав и го искористи тоа.
Куманово од друга страна се бореше но секогаш кога се кршеше резултатот психички паѓаа. Поготово Костовски. Што да се каже за Трајковски. Јас да сум тренер Трајковски би носел шишиња на тајм-аут. Таков несериозен играч, без дисциплина, со апсолутна слобода небаре е Леброн Џејмс не знам како успева да стекне доверба кај тренерите.
Делумно има квалитет но со постапките и однесувањето целосно го поништува квалитетот. Впрочем затоа и најголем дострел ќе му биде играњето во Косово од пред некоја година.
Кумани правеа одлична атмосфера и навистина се израдував кога видов полна сала и навивачи желни за кошарка ама денес беа срам за гледање.
Да можеби судиите беа наклонети кон Мзт но АПСОЛУТНО НЕДОЗВОЛИВО е однесувањето на навивачите на Куманово.
Страшно ме нервира нашата македонска некултура. Без разлика дали игра Куманово, Мзт, Вардар или Работнички. Доколку екипата губи навивачите стануваат деликвенти. Недозволиво е фрлање на предмети и гаѓање на играчи!!! Точка! Нема сила што може да ме разубеди во спротивното!
Пцујте ги, навредувајте ги, колнете ги, правете им транспаренти па дури и венци и сандаци и што уште не, меѓутоа плукање и гаѓање со предмети НИКАКО!!!
Разбирам дека и играчите провоцираат но затоа има судии кои можат да досудат техничка. Па и да не досудат на навивачите е преку навивање да ги испровоцираат и извадат од ритам.
Генерално македонскиот синдром повторно се покажа на дело и наместо финале како што доликува следевме серија која изобилуваше со се само не со кошарка иако почетокот навестуваше дека ќе следува вистински празник на кошарката. Впрочем затоа и репрезентацијата ни оди по патот по кој ни оди.