Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Килави сме на почетоков, се некако се чека на индивидуален потег на некој од напаѓачиве за да се даде гол. Дифеза е тре за Јувентус умре кога се пензионираше Барѕаљи, сега ова што го играат назад е гола вода.
Средината ни е сеуште бледа... несакам уште сега да го судам Пирло, али ќе мора да ги засука ракавите и да поработи повеќе за понатамошниот дел од сезоната.
 
Килави сме на почетоков, се некако се чека на индивидуален потег на некој од напаѓачиве за да се даде гол. Дифеза е тре за Јувентус умре кога се пензионираше Барѕаљи, сега ова што го играат назад е гола вода.
Средината ни е сеуште бледа... несакам уште сега да го судам Пирло, али ќе мора да ги засука ракавите и да поработи повеќе за понатамошниот дел од сезоната.
Абе Дибала не игра, Роналдо не игра, Де Лигт не игра, Ремзи не игра, значи тројца клучни играчи не играат и мана наоѓате, таква ќе е сезонава, секако со коронова веќе ништо не е исто и се е ебиветер. Фудбал без публика не е фудбал, да не спомнувам дека грото од нашиве играчи играа по 2-3 текми за репрезентациите од Кротоне ниеден, затоа и играа пресинг 90 минути.
 
Абе Дибала не игра, Роналдо не игра, Де Лигт не игра, Ремзи не игра, значи тројца клучни играчи не играат и мана наоѓате

Друже, против факинг Кротоне играа, не против Баерн или Сити... и пред црвениот на Киеза играа млитаво, тоа не ми се свиѓа воопшто
 
Едина позитивна работа е што дава шанса на млади играчи, кои верувам за година две ќе станат квалитетни и стандардни првотимци.. Боље вака млади да играат отколку да ги гледам со една нога во гроб влезени Кедира Матуиди Киелини па и Бонучи.. Секое добро за носоњата али мора веќе да се пензионира, а и би го зациментирал на клупа Бонинаторот и би му ја дал сместа капитенската лента на Кики..
 
На Кротоне шанса неможат да им направат.
 
Не ја гледав утакмицата, гледам сите можни 50-50 работи се собрале против нас (офсајд 5 милиметри, статива), ама да си прашам кој кур е со црвените и пеналите?

Не знам од каде ова невнимание и недисциплина, на 3 мечеви имаме 2 црвени картони и 2 пенали направено. Срамота е, нека се соберат таму да им ебам се по список.

Брука е изгубени 2 бодови против Кротоне, нешто ептен лабаво си ја сфаќаат сезонава. Нека земат да сврзат некоја победа таму, да се зголеми самодовербата макар и на сила.

И што е проблемот со Дибала, на клупа седи, а не влегува? Повреда има и го чуваат за украс или нешто друго е проблемот?
 
6 utakmici po red nemame pobeda vo seria a... Ova se nema deseno od sezonata koga komunjarite zemaa triplete.. izgleda i sezonava ke zemat triplete..
 
Во оваа формација што ја форсира Пирло со тројца позади клучни се крилните бекови,што Јуве моментално ги нема и стварно не знам зошто форсира без потреба кога нема моментално играчи за формацијава.
Конте и Алегри имаа играчи и систем за со тројца назад.Покрај триото стопери кое беше во играчки зенит првиот ги имаше Лихштајнер десно кој ораше 90 мин и беше одличен и напред и позади и Асамоа лево,а Алегри(кога ја користеше 3-5-2)подоцна Сандро,Евра,Алвеш.

Сеа и не се толку проблем тројцата стопери позади затоа што тука се Де Лигт,Демирал па и Данило кој е солиден во одбрана,но крилните бекови што се најбитни во формацијава моментално се Фработа кој не е никаква опасност во напад и Киеза кој со сила го праат крилен бек,а не е,вчера остаи еден куп дупки позади.Куадрадо е 32 години и не може да игра во два правци на ниво као порано.

Да не зборам што вчера цела лева страна со Фработа и Портанова беше тотално во аут и во напад и во одбрана. И тука се виде и неискуството на Пирло кој извади состав со двајца младинци по иста страна и воопшто немаше баланс тимов,сите напади одеа по десна страна преку Кулушевски и Киеза и тоа беше добро прочитано од страна на Кротоне.Па целиот меч се сведе на четири шанси вклучувајќи го голот на Марота и поништениот гол со ВАР.
 
Дибала и Паратичи вчера после натпревар се скарале. #споетмедиасет
 
Ќе го шитнат Дибала кај и да е.
 
Najnova vest e deka imalo i fizicka presmetka...Ako e ova vistina, togas so srekja neka mu e na Dybala...
 
Многу глуп испадна Дибала... знае дека сега има згуснат распоред, ќе играат секој 3 ден, и да неќе самиот играч ќе го внесат со сила во први 11, а он се курчи на Паратичи :facepalm:
 
До толку ли стварно не беше спремен за да почне од стартот? Ако стварно можел да игра, требало да почне... Пирло дупи мечката очигледно штом е толку бесен Дибала.
 
Или пак се решени на италијански проект и сега со Киеза не им треба Дибала па дупат.
Фработа добро си изигра, Портанова требаше мн порано да го извади. Има детето талент ама рано е за прв тим и тоа мн. Вчера требаше 4231 да проба. Долга е сезоната ама овие два меча ( Рома, Кротоне) се утка на Пирло и на негова душа одат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom