Бентанкур е и онака исфорсиран, особено за да се поддржи тезата за оние кои трубеа против Пјаниќ цела сезона.
Чисто статистички, Пјаниќ во неговата најлоша сезона во Серија А има постигнато 3 голови и 8 асистенции, додека овој што наводно е одличен сезонава има дадено на рамното 0 голови и има ист број на асистенции.
Во Бентанкур нема ништо особено, како прво му се забележува недостаток од самодоверба во играта, нема карактер, ретко презима одговорност. Од него се очекува, како што е граден, да ја зема топката од пред гол и да ја пренесува на другата половина, да освојува простор на теренот (нешто како Џеко на времето во Рома, пред да почне да дава голови

) и да учествува во завршница на акциите.
Ај тоа што го нема, ами и апла е лимитиран технички. Нема добар центаршут, нема добар шут (нема ниеднаш погодено надвор од шеснаесетник, во Јувентус има се на се' 2 голови дадено, едниот се сеќавам со глава, другиот од блиску), не е алтернатива за изведување корнери, слободни удари и уште многу други недостатоци.
Овој Артур не знам што играч е, ама покрај него, потребни ни се уште минимум двајца квалитетни фудбалери од средниот ред. Единствен од оние што играат сега, а што заслужува да игра и догодина е Рабио. Дечкото има недостатоци, ама доволно е да се изгледа мечот од некни против Сампдорија. Има карактер, ги напаѓа противниците, одзема топки и пред се многу добро почна да се снаоѓа со топката во нозете.
Одлично комбинира, знае да ја завлече топката и да помине неколку фудбалери, знае да влезе во шанса.
За наредна сезона би ги оставил Рабио, Бентанкур и Матуиди, којшто иако е многу лош сезонава, има искуство и може да биде добра опција за ротација. Друго се треба да се продаде. Така да, освен Артур, потребни ни се уште две решенија, за да може да разговараме за квалитетни перформанси.