Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
што блада Ширеа да носат десетки.

Не се курчи дете, помал си од мене :sakasuste:

Не бе човек, ништо не му фали на 8-цата на Маркизио, тоа е бројот кој во минатото го носеле Тардели и Конте... Сакав да кажам дека ако некој моментално заслужува да го носи бројот 10 тоа е Маркизио и никој друг. За Дибала има време, нека помини уште некоја сезона, па ќе видиме дали лета по пари, или е со нозете на земја... Е дури тогаш ќе може да ја носи 10ката на грбот.
 
Гледам се развила дебата околу 10ката и тоа кој требало, кој не требало да ја носи. А погоре имаше и чудење како со вакви засилувања сепак сме 78 милиони во плус (разликата Погба-Игуаин е 10 милиони, а да не набројувам што друго купивме/продадовме). Едноставно е. Да 10ката е света, историска и се тоа. Ама баш ради тоа носи пари. Може ќе кажете, да, ама Адидас ни дава фиксно, само они лапаат од 10ката, ама не ни е Берлускони газда па такви глупи потези да прави. 100% сум сигурен дека таквите маркетиншки чекори се преземаат заеднички на клубот со Адидас за сите да бидат задоволни. Може нас ни изгледа лошо што само 1 година остана на грбот на Погба, ама дајте да видиме колку сме ќар од таа една година?
Фудбалот од времето на Платини, па и Дел Пиеро, со сегашниот не се споредува. Тогаш било пред се спорт. Сега е бизнис и не постои шанса да се носиш со најсилните, ако не играш паметно. Кога сме кај паметното, сите треба да сме среќни на управата - нема Кинези, нема Руси, нема Арапи, не се фрлаат милијарди, а сепак сме меѓу најмоќните и далеку поуспешни од овие со набројаниве газди.
 
78мил ако сме добиле за Погба а 90 дале за Игуаин..
 
Трансферот најмону се развлече токму ради провизијата шо треба да ја земе Раиола,не е логични на крај да испадне дека ниа ја плаќаме.Небива така лесно да се превесла Марота кој што ионака се тенчи за секое потрошено евро.
Новинариве ги буни официјалното соопштение од клубот кој исткна дека е во добивка чиста од 72 + милиони , а тука се рачуна првата рата , бруто платата и амортизација.
Догодина кога ќе се исплати осатнатиот дел , пак ќе има соопштение уште колку е клубот во +, мора сето тоа да се објави и да биде документирано.

ЏДМ вчера испадна со веста дека 105 + 5 во еветуални бонуси идат на Јуве во рати , провизијата е на сметка на Јунајтед.
 
и Кавани може да ја носи 10ката само , стариот разочара со купување то на Игухаин , абе ке останеа пари и за Дракхслер рецимо а не , сеа ке бара пак позајмици Ковачич јебал те Ковачич за ти го закова
 
Надевам се. Пошо како шо разбрав од гугл транслејт, ова е чист криминал. Па види ги холандските тимови, сеа се у криза ама изгледа слепците пратат фудбал само у последната декада. :(

Иначе,


Ние сме го частиле Минчо со неколку милки. :D

- Инсигние сака да го напуште Наполи.

- Исла у Каљари за 4 милки.

И уште 11 дена до првенство. :)
Агрести и повеќе медиуми репортираат дека Манчестер го платил меѓу кој и СКАЈ така да не го вервам GdS

Двајца натрапници се, Погба, но и Тевез ..
Tевез одби понуди од пола европа меѓу кои ПСЖ, Мадрид и не знам кој клуб за да си оди во Бокаи самито изјави дека Јуве му е втора фамилија и ако се враќа ќе се врати само во Јуве. Плус чоекот секоја втора победа ја објавува на твитер и на Инста, лани викаше дека напуштањето на Јуве му е најголема грешка.


Е сега Погба стално се знаеше дека ќе си оди, барем си отиде кога (барем до сега) најпоќе вредеше, мене не ме секира толку како играч оти како што кажав беше ограничен ма да несоменено е играчиште според талент и се, повеќе губиме на маркетиншки план после Роналдо и Меси е играч со највеќе продадени дресови, сега изгледа ќе се врти се околу Дибала. А за тоа што рекол како рекол нормална работа е секој играч му дава на новиот клуб и неговите навивачи шо сакаат да слушнат секој трансфер е ист. Му благодарам за се на Погба, ме изнервира изјавата дека се чуствувал дека досега бил на одмор а до лани лаеше како му било тешко на тренинзите на Јуве а тие во Манчестер било мајтап, ма да нема врска сосем нормална работа. Дека ќе е лидер нема да е лидер засега го неам тоа во него не е како Сколс, Гигс, Пирло, Буфон па ни Бонучи. Се најубо Пол #Merci[DOUBLEPOST=1470752528][/DOUBLEPOST]Десетката е дрес кој носи највеќе пари во скоро секој клуб, јас сакам да одмори една година али па најлогично е Дибала да ја земи. Паратичи пред месеци изјави дека при евентуално бегање на Погба и Бонучи пособено на првиот Јуве има веќе на ум замена за него и дека ќе биди заменет.
 
Не бе човек, ништо не му фали на 8-цата на Маркизио, тоа е бројот кој во минатото го носеле Тардели и Конте... Сакав да кажам дека ако некој моментално заслужува да го носи бројот 10 тоа е Маркизио и никој друг. За Дибала има време, нека помини уште некоја сезона, па ќе видиме дали лета по пари, или е со нозете на земја... Е дури тогаш ќе може да ја носи 10ката на грбот.
Фудбалот кога Алекс ја доби 10ката и сега е доста променет. Сега продажбата на дресови е неколкукратно поголема од тоа време и нормално е и Јуве да сака да направи ќар од тоа. Значи, колку повеќе продажба на дресови, толку повеќе ќар за клубот и побогати спонзорски договори. А и не гледам причина зошто Дибала не би ја добил десетката.

Тевез никогаш не направи нешто за да заслужи презир од било кој фан на Јуве. Беше кратко време, али секогаш со почит играше за клубот и плус тоа позицијата која што ја игра му одговара на бројката. Не може играчи како Погба, па и Маркизио што блада Ширеа да носат десетки.

@Scirea зошто Маркизио десетка да носи, само таа ли се смета за посебна бројка? Што и фали на осмицата? Таман си е Клаудио со бројката што ја има, не носи 95ка. Не чини ставот кој се зазема за десетката, демек треба да се дава по заслуга за клубот па ако сакаш и голман биди. Се знае за која позиција што бројка е соодветна. Демек кога му ја дале на Дел Пиеро 95та година, знаеле дека цел живот ќе остане и дека ќе стане тоа што бидна, најголема легенда на клубот? Не, туку едноставно од клубот процениле дека со оглед на тоа со какви квалитети располага треба да му се даде таа чест. Затоа велам доколку управата процени дека Дибала знае што е тоа чест и дека ќе остане долги години тогаш нека му ја дадат. Ако не нека ја закачат и чао пријатно.
Се сложувам. Тевез го оправда и тоа како бројот 10. Вистински лидер, играч за почит и на и вон теренот. Дури го носеше дресот на Јуве ниту еднаш не направи никаков потег кој бил лош за него и за клубот. Реално, права 10ка на Јуве без никаква дамка.
 
од кај ги копате тие информации... тоа со 78 м е за оваа година Јутд колку платиле , Првата рата за Јуве е 52 . ипол плус 25м манчестер што ги дава на риола = 77 . ипол . Другата рата следната година уште 52.5 = 130м од кој 25 Јуве му ги дал на свинчето мрсно да си купи бурек мрсен да се мрси . и останува 105 за Јуве , и уште тоа бонусите 5 м ако биде кур те боли .
 
Ај сега вака... изјавата му е извадена од контекст колку да може да се рибаат и реметат глупи глави по форуми и твитер.
"Се чуствував како да сум на одмор и се вратив дома" му се однасаше на тоа дека уствари се осеќа ко да се вратил дома.Едноставно е . Се му е исто , се сликаше тамо со тетките од пералната у Керингтон со економите чистачите и со кој ли уште не .Тоа му е поентата.Паметен момак е Погба за да пецка со такви ниски изјави.Имате и видео кај шо се опрости од клубот и навивачоте , имате и текст на официјалната страна од клубот со кој се поздравија со него,така да не влегувајте у тој спин.

А шо се однесува до загубата, загубивме играч со огромна маркетиншка вредност, играч од светска класа, златна топка матријал,комплетен фудбалер.Ама добивме 105 мил.Се знаеше тоа дека од Погба или ќе добиеме верност и ќе се гради екипа , или дебело ќе се наплати.Барем теоретски и сега за сега , неможеме никако да сме во загуба.

Меркатото е одлично изведено , а преостанува уште 22 дена за да се докомплетира тимот , најверојатно со уште едене играч од средниот ред кој ќе биде матријал за прв тим.Можно е да дојдат и двајца .
 
Сеуште не ми е јасно како може да сме во + од 72 милиони евра? :unsure:

На дрво ли му растат парите на Марота ? :')
Мислам дека е друг муабетот. 105+5 изнесва трансферот.
-20% за Минчо ти е отприлика таа сума[DOUBLEPOST=1470758999][/DOUBLEPOST]
Реално 10-ката во тимов заслужува да ја носи само Маркизио и никој друг... Ќе речев Келини и Буфон, ама нив не ги личи да го носат тој број, заради позицијата на која играат. Дибала е одличен играч, можен наследник на Дел Пиеро, али кој ти дава гаранција дека за 3-4 години нема да му ја летне од тимот?
10-ките во Јувентус секогаш ги носеле Италијани (освен Платини, тој е исклучок али гледајќи што сторил за Јуве, оправдано му е), домашни луѓе кои го разбираат духот и менталитетот на тимот, кои за нитуедна пара не би заминале од клубот. Неможеш бе ти да му ја даваш 10-ката на Тевез кој уште недојден плачеше да оди во Бока, и Погба кој паметот му беше во милионите од Манчестер... едноставно неможеш.

Нека ја одморат малце десетката, Дибала нека си го задржи бројот 21, а Адидас нека ќутат и нека даваат 30 милиони годишно пичка им матер нивна
Уште од првиот ден беше обележан како Миљон долар бејби и се чекаше кешаутот.
Ама ич не ми е гајле дека заминва типот од клубот. Факинг Сторари, Падоин и Кваљарела ми беа „поемотивни“ разделби ако гледаме од „емотивен“ аспект. :(

Е сега за Погба. Рече дека Манчестер можи да му понуди исполнување на животните цели,
Така да со среќа што и да се Еуропа, Черити шилд, полна сметка.
Ова очигледно дека се знаеше извесно време и е масло на Адидас. Еве ги дури и реклами стигнаја да снимат
Во однос на 10ката, Се сложвам дека единствено Маркизио е достоен да ја носи.
Арно ама тој има изграден имиџ околу неговиот број и е нон сенс да го менва. Скоро како шо нема смисла ни Буфон да го менва бројот.

Ако гледаме и според позиција Дибала е онај шо треба да ја земи 10ката и според фудбалски правила и според економија.


[DOUBLEPOST=1470759068][/DOUBLEPOST]
Инсиње барал трансфер, многу ќе биди да го земиме и него?
Дај бе смени ја та сликата си помислив сакаш кај тие лузерите да го носиш[DOUBLEPOST=1470761346][/DOUBLEPOST]Овај е интересна опција
http://www.football-italia.net/88999/inter-raise-joao-mario-offer
 
Последно уредено:
Јуве ќе му плати само 6 милиони на Раиола. Другите пари Раиола ќе ги добие од Јунајтед кои ќе му ги исплаќаат на рати заедно со платата на Погба. Сега кажаа на Скај.
 
Тевез никогаш не направи нешто за да заслужи презир од било кој фан на Јуве. Беше кратко време, али секогаш со почит играше за клубот и плус тоа позицијата која што ја игра му одговара на бројката. Не може играчи како Погба, па и Маркизио што блада Ширеа да носат десетки.


А кој зборува за презир??
Само реков дека не го ставам него и Погба во друштвото на играчи што ги наброја, играчи кои повеќе години играле во Јувентус и оставиле голем белег.
Во Италија 10-ката секогаш имала посебен шмек, од таму и потекнуваат оние барањата на Адидас, а пошо живееме во модерно време, каде се се врти околу парите на значај имаат изгубено многу работи и веќе ништо не е чудно и невозможно
 
А кој зборува за презир??
Само реков дека не го ставам него и Погба во друштвото на играчи што ги наброја, играчи кои повеќе години играле во Јувентус и оставиле голем белег.
Во Италија 10-ката секогаш имала посебен шмек, од таму и потекнуваат оние барањата на Адидас, а пошо живееме во модерно време, каде се се врти околу парите на значај имаат изгубено многу работи и веќе ништо не е чудно и невозможно
Абе лесно е вака да збораш со активен Тоти во тимот ќе видиме од година како ќе биди и ние така велевме дури го имавме Дел Пиеро.[DOUBLEPOST=1470771923][/DOUBLEPOST]The possibility of Zaza moving to Wolfsburg has increased today. Wolfsburg have offered €25 mill to Juve, €4.5 mill per season to Zaza (Sky)
 
Последно уредено:
Абе лесно е вака да збораш со активен Тоти во тимот ќе видиме од година како ќе биди и ние така велевме дури го имавме Дел Пиеро.[DOUBLEPOST=1470771923][/DOUBLEPOST]The possibility of Zaza moving to Wolfsburg has increased today. Wolfsburg have offered €25 mill to Juve, €4.5 mill per season to Zaza (Sky)


Абе јас само кажав како одеа работите, после Тоти и со овие америте кој знае што ќе се случи со 10ката во Рома
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom