Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.317
- Поени од реакции
- 18.731
Она што ми се допадна кај Мората денес е дека слабата реализација и очигледната падната самодоверба ги амортизира со многу трчање без топка и со несебичност. Во првото му одзеде две-три топки на Бруно Перес уште во нивната половина пред да тргне тој.Одличен пресинг му играше. Асистенцијата за првиот гол сам ја изгради кога покрај двајца освои веќе загубена топка. Само мора да продолжи да работи на себе и ментално да се подобри.
За другите нема што да кажам. Заза одлични реакции имаше за головите, секоја чест. Само многу е енергичен и нервозен без потреба. Секогаш беше на работ на втор жолт, едноставно како да има преголема желба да се докаже. Ама ако нека се докажува, за секој играч кој се бори ќе се најде место во одреден период од сезоната. Дибала играчиште, само нека продолжи да работи со овој интензитет, не смее да помисли дека го достигнал врвот.
Во наредната фаза го чекаме подобриот од Лацио и Удинезе.