Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Морам да го пофалам Куадрадо денес, добра партија.

Освен Дибала, човече АлекСандро кој играч е по по по :cuc:
 
Куадрадо е мен оф д меч. Искина по десната страна. Да е ваков цела сезона :place:
Исто така морам да го пофалам Стураро внесе свежина и динамичност откако влезе.
Другите беа одлични Погба малце забушаваше ама топкаташто му ја пушти на Дибала :drk:...
Манџукич оваа сезона би имал предност пред Мората само поради осетот за гол што го има., а бе катастрофален беше цела утакмица и еден момент одма гол.
 
То да ви ебам мајката, до голот игравме чиниш не ни треба победа у пичку матер живци искинав целосно. Погба генерално игра доста лошо, ама секогаш прави некој потег што решава многу битни ситуации. Дибала играчиште бе, играчиште!! Манџукич добар, го нема, го нема, ама вториот гол сам си го направи со борбеноста на средината и со пратењето на акцијата до крај.

Маркизио страшен во одбрана, малку несигурен понекогаш со топката, али сите знаеме дека не е Пирло и не може од него да очекуваме да игра како него.

Карпи наредна недела, 100% мора да се победи повторно, не смее да се запре оваа серија. Торино у меѓувреме у куп, шанса за Ругани да го видиме 90 минути како игра.
 
Колку важна победа Боже мили :cuc: ... искрно ме фати страв второто како го започнавме и теравме повеќе од половина :shook:. Манџукиќ има мирис за гол како ајкула по капка крв во базен :bravobe:Дибала ко по обичај не е нормален... и то....моментално ништо не ми е толку важно, колку планинава вечерва што ја поместивме.

Човек на денот.... Мондонико и неговиот сон :misticen: ... сабајле очекувам уште едно вакво убаво сонче за поволен ждреб...
 
Како тим изигравме одлично едино не сечеа индивидуални грешки на Погба, и Маркизио знаеше да погреши,некако како да му фали одмор имам впечаток дека е уморен ипак игра нон стоп..

Мора да се признае дека Фиорентина знае да игра со топка и имаат голем посед па тешко е да се прават многу шанси,извлековме максимум од утакмицава,и пак Манџукич ви ја затна муцката на повеќето,Дибала не е тачен.
 
Леле луѓе, последните 10 минути како ги одигравме еј... немам зборови.
Квадрадо одлично изигра денес, и што и да речите знаете дека МОРА да се откупи на крај на сезона, па макар секој натпревар влагал од клупа. Ако сакаме да бидеме сериозен клуб (не дека не сме), мора да имаме и јака клупа.
Одбраната потфрли денес, многу загубени топки преку стадион одлетаа ради копуците назад. Маркизио само за во одбрана го бива, Погба многу нервозно играше цело време, додека Кедира беше невидлив. Евра одигра солидно.

Манџата ја фаќа полека формата... на почетокот беше ептен труп, ама се навикна на италијанскиов фудбал. Одлично ги користи одпадоците, одличен е во воздушните дуели, а се враќа назад за секој напад на противникот. Со право му е дадена наградата за најдобар играч во ноември.

Дибала... па добро де пичка му мајчина, што дете ќе беше :place:. Кога ќе прими топка, одма 3 играчи му се лепат, и пак излага на крај со нив. Иста статистика има со Тевез кога пристигна кај нас, а само 21 година има (y). Незнам стварно што да кажам за детево, Марота очите да ти се позлатат, Барселона кур да пуши што мисли дека ќе го пуштиме детево кај нив.

Сандро чудовиште, ора на терен.


Имате поздрав и од Лаура :backa:
12360155_1664485750497290_5229396313423662096_n.jpg
 
АЈДЕЕЕ!!!

Огромна победа, сеа не смеат да го покакаат ова против Капри, Карпи, као и да се викаат. Гранитна одбрана (y), после се е полесно.

А за вториот гол напротив, Дибала перфектно ја прими, брз пас, беше во полн трк и близу голманот, у 99% или некој ќе си даеше предолг фор или при примањето на пасот ќе успореше.. Царот Дибала остана и у пун трк и не дозволи голманот да му ја земе :cuc:. Манџо супер ја турна до Погба коа падна, и после рутинирано гол од отпадокот(y), иако да не беше тоа не знам дали ќе имаше преодна оцена за у напад, а у одбрана добар.

Каде бе Маркизио слаб пратите ли дефанзивно што се случува во средина на терен или само шансите ви се битни?
Конкретно кажав, кога имаше топка на моменти несигурен беше, а игра на позиција кај шо треба да е ултра сигурен.. за во одбрана нема збор...
 
Мора сега наредни 4 текми да ги освоиме сите 12 бода.. Играме со Карпи, Верона, Сампа и Удине... Верувам дека можеме да ги земеме тие 12 бода па ги чекаме Рома и виолинистот па да видиме што и до каде сме... Во купот би ставил втор тим да игра, не ни е битен...
 
Газимеее :vozbud::vozbud: Со 10 кола хендикеп им почињаме и пак ке се прошетаме до титула... :cool:

Реално за 3-5-2 не ни требаат нови играчи евентуално еден полушпиц за да се сврти на баклава тактика у ЛШ.

ЈУВЕ ЈУВЕ ЈУВЕ
 
абе ни за балкава не ни треба полушпиц, го имаме Переира, таму тој би бил идеален...
 
Ова е најбитната победа во досегашната сезона.

Фиорентина се опасен противник, и имаат одлична игра. Јуве покажа карактер после примениот гол, и се вратија во игра за 3 минути.

Сите играчи беа добри, Погба во првиот дел од второто полувреме играше нервозно и губеше доста топки, но имаше одлични пасови и потези, и тој е играч кој може да биде круцијален особено во ваков натпревар.

А, сите што го исмеваа Марота што даде толкава сума за Алекс Сандро, сега сигурно си ги гризат јазиците.

Манџукич колку и да е „некорисен“ цел натпревар, сепак мора да му се признае дека има одлично чувство за позиционирање и за гол. Браво.

Следна со Карпи.
 
Имаше момент Маркизио у пад си ја турна со рака и продужи..:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom