"Жално" беше она што им се случи на Милан и Интер, кадешто ги продадоа најдобрите играчи, а земаа играчи што вкупно не чинеа ниту 20 милиони евра.
Јуве ги осигура скоро сите трансфери уште од Јануари годинава, знаеа што сакаат да земат.
Ѕаѕа, Ругани, Дибала, Нето и Кедира.... сите овие играчи беа договорени далеку уште пред да започне трансфер периодот.
Се знаеше дека големи се шансите за заминување на Пирло и Тевез, само Видал испадна така неочекувано да си оди од тимот. Вака кога ќе видиш, се ослободивме од постарите играчи (Пирло,Тевез) а на нивно место се донесоа младинци, најдобрите од минатата сезона во лигата. Сега одкако ќе легнат парите од Видал ќе се донесе ваљда и Дракслер.
Можеби еве ќе треба време додека да се уиграат децата, ама овој тим навистина е правен на долгорочен план. Вака кога ќе видиш одбраната ни е скоро непроменета, замина само Огбона а се донесе Ругани, најдобриот млад дефанзивец во Италија за минатата сезона. Од средината си замина само Пирло, ама е донесен Кедира (безпари) а се надеваме дека и Дракслер ќе се приклучи во тимот. Нападот целосно се смени, такада таму се очекува најголемиот проблем, ама млади се играчите што ги земавме ќе имаат време да се прилагодат на играта. Башка сите играчи од нападот беа донесени пред да започнат подготовките.... Алегри има месец дена време да ги истренира убаво.
Далеку е Јувентус од пропаѓање, оваа година заработи најмногу од ЛШ од сите други тимови, само се случи мала промена на генерации, ама верувам дека децава што ги земавме ќе изгинат за дресот[DOUBLEPOST=1437651307][/DOUBLEPOST]
Овој беше договорен уште во Јануари-Февруари