Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.345
- Поени од реакции
- 18.804
Пирло само може сите да му се заблагодариме и да му се поклониме до земја и пак назад заради тоа што тој го направи во Јуве. Мора да нагласам дека за мене е еден од најквалитетните фудбалери кој играл во Јуве последните 10-12 години. Недвед и Дел Пиеро се само на негово рамниште од моја гледна точка. Без сомнение најдобриот играч од централна средина од технички аспект, со секоја почит кон Чави и уште некои. Фудбалот во нозете го има, едноставно тоа што Пирло со топката е способен да го направи од средината на теренот кон нападот може само да се позавиди.
Кога пристигна од Милан со повреда од последната сезона од него ќе бев задоволен да одигра една до две сезони и тоа претежно од клупа. Но, само двата натпревари од претсезоната во летото 2011 кој ги гледав и ги игравме во Америка (не се сеќавам против кој) ме убедија дека Пирло ќе биде лидер на тимот. Во тие натпревари победивме два пати по 1-0, во едниот стрелец беше Паскуато, а во другиот Кваљарела.
Ако почнеме да анализираме колку натпревари реши во полза на Јуве ќе нема крај. Но од првата сезона дефинитивно вреди да се споменат следниве:
Првиот натпревар до сезоната против Парма на домашен терен. Магија врз магија правеше Пирло на теренот. Две асистенции(и тоа какви) и фудбал за око во текот на целиот натпревар. Вовед во она што не очекуваше.
Со самиот факт што борбата со Милан беше поен за поен асистенцијата од место на Пирло кон Лихштајнер против Аталанта не направи зимски шампиони.0-0 тежок натпревар, но затоа маестрото само потегна со ногата и го испрати швајцарецот со топка директно на главата пред голот. Роденден ми беше тој ден.
Во најлошиот период од таа сезона и после двата натпревари одиграни 0-0 против Сиена и Парма каде што од една страна Јуве играше лошо и анемично во нападот, но од друга страна судиите не досудија 2-3 пенали во овој натпревар влеговме очајни за три бода. Мечот започна катастрофално и примивме гол уште во почетните минути. Но се разбира маестрото се јави со првиот гол постигнат во дресот на Јуве, од слободен удар после кои следеа и две асистенции. Победа очајнички потребна, освоена по огромна заслуга на Пирло.
Остатокот од таа сезона Пирло го одигра маестрално, исто како и целиот тек. На крајот кулминација беше Скудетото кој го врати конечно Јуве онаму каде што заслужува, на врвот со сите почести.
Првата сезона Пирло постигна 3 голови од кои само еден од слободен удар. Во наредната сезона 2012/2013 Пирло воведе и нов удар од слободните во неговиот репертоар, а тоа беа топката ниско под живиот ѕид. Такви слободни погоди против Парма, Сиена и Рома. Еве го едниот. Таа сезона Пирло постигна вкупно 5 голови, сите од слободен удар. Останатите два беа против Аталанта и пак против Парма.
Во 2013/2014 постигна 4 гола во Серија А и 2 во ЛШ. Сите од слободен удар. Во Серија А ги постигна против Милан, Наполи, Катанија и Џенова. Во ЛЕ против Фиорентина и Лион. За издвојување се оние против Џенова и Фиорентина кои беа постигнати при резултат 0-0 и беа од решавачка природа. Оној во ЛЕ за пласман понатаму, а оној во Серија А за конфирмација на Скудетото.
Во последната 2014/2015 сезона Пирло постигна 4 гола во Серија А, меѓу кои два слободни удари против Емполи и Торино и два неверојатни голови од игра против Торино кој беше решавачки во последната секунда од мечот и против Аталанта кој беше за израмнување. Дресот кој Пирло го носеше на натпреварот против Торино е ставен во Јувентус музејот.
.
Пирло постигна и еден гол во ЛШ исто така многу битен, против Олимпијакос во групната фаза за 1-0 во првото полувреме.
Покрај се мора да се напомене дека Пирло имаше огромен удел во играта преку целиот нејзин тек. Дури и изгубените топки кои неминовно ги има играч од негов калибар, беа едноставно од фактот што Пирло го преземаше најголемиот ризик на теренот. Сите топки од одбраната кога ќе се најдеа во тешка ситуација веднаш беа испраќани кон Пирло кој мораше да се снаоѓа како знае и умее. Тој е дефинитивно еден од најзаслужните луѓе за враќањето на Јуве после тој мизерен период двете сезони 09/10 и 10/11. Барем јас никогаш нема да заборавам низ што се поминавме тогаш и затоа овој играч заедно со Конте ги ставам на пиедестал како лидери на тимот кој се врати од мртвите. Сите се разбира имаа удел, но овие двајца го дадоа она екстра што недостигаше да се постигне поголем резултат од реално очекуваниот.