@DeviAngel Брат, може тебе митра матри ти е миленик, али искрено неможам да видам зошто би сакале (објективно) Алегри да го врати во форма.
Освен ако не испадне некој џокер, па се изнадава голови во ЛШ, можда и до финале не донесе

, тогаш ќе си ги повлечам сите зборови. Ама мислам се слагаме дека тоа е highly unlikely.
Другата варијанта е само за џабе да им зема минути во Серија А на Мората и на Коман, на кои што им се очајно потребни.
Конечно направија добар потег со млад играч(Погба) и веднаш му дадоа шанса, ете излезе играчиште.
Мислам дека, барем според мене, Коман и Мората, покажуваат такви слични игри, и потенцијал, и глупаво би било да страадат и двајцата ради еден просечен Серија А ветеран-напаѓач, какви што ги има во изобилие во лигава.
Штета што не го добивме Удинезе, 9 бода ќе беа одлична разлика, ама Рома како што и понатаму тоне у криза, мислам дека може и уште повеќе да се оддалечиме и да одмараме по некој првотимец, ама не тие минути да идат кај Матри, Падоин и Пепе(иако овој ни е миленик на сите), туку кај млади играчи што треба допрва да се развиваат и што покажуваат потенцијал.
Ај и ПДЧ ќе го стаиме у младите, по македонскиот начин на сметање на таленти

, па и него нека му даваат некоја минута
П.С. Иако уште не сум го гледал, еве и Стураро нека иде во тие младите(и талентирани), и него би сакал почесто да го гледам.