Е тука доаѓа муабетот за младите играчи кои ги поседуваме и кој реално лошо ги менаџираме. Класичен пример уште од пред повеќе години е играчот кој сега е на излезна врата-Џовинко. Кога се вративме од Серија Б со право беше пуштен на позајмица во Емполи заедно со Маркизио. Таму добро се покажа и го вратија назад летото 2008 на 21 година. Е тука целосно го заебаа Раниери прво, па потоа Ферара и Закерони. Тоа беа сезоните 08/09 и 09/10. Реални да бидеме тогаш Џовинко кога играше покажа потенцијал. Не за џабе го нарекоа наредниот Дел Пиеро. Но тогашните тренери ептен го ограночија во играта за на крајот да заврши на позајмица. Таму тој исфрустриран од Јуве дури и се радуваше кога вториот пат даде гол и летото 2012 ја направија уште поголемата глупост со враќањето.
Муабетот ми е поради тоа што клубот не може да си дозволи скапи странски играчи со високи плати, мора подобро да ги менаџира младите кои покажуваат потенцијал. Кога не може да купиш нешто, тогаш создади го. Ругани, Берарди и веројатно Заза се играчи кои заслужуваат да добијат солидна шанса во клубот. Наместо да ги земаме Освалдо или Пацини да играат минути, треба да им се дадат на помладите бидејќи може да бидат драгоцени.
Инаку со евентуална продажба на Погба, стварно не знам што би можело да се купи. Играчите од Реал, Челзи, Баерн, Јунајтед, ПСЖ и слични кои би можеле да ни бидат од голема корист, пак би биле скапи. Што поради цените на трансферот, што поради платите. Инаку, ако зборуваме за конкретни играчи, лично многу ми се допаѓа Пасторе како игра минатата и оваа сезона. Дечкото добро се разви после тешкиот старт во Франција, па мислам дека би бил добро решение доколку ПСЖ е спремен за некоја замена + пари. Во лигата имаме една ѕверка во Палермо, аргентинецот Дибала но веројатно тој би сакал надвор од Италија и покрај тоа што со Зампарини е речиси невозможно да се прават зделки. Кога би го погледнале Сити на пример Коларов е еден може од подобрите леви бекови, сега во тој општ дефицит на дефанзивците. Стротман е одличен во средината, но и за него има доста пречки како поради повредите, така и тоа што веројатно би сакал во Јунајтед да оди.
Во секој случај при евентуална продажба на Погба, реинвестирањето би била доста тешка задача за управата, многу потешка од таа во 2001 кога веројатно немало играч кој не сакал да игра во Јувентус.