Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Епа еве тема за муабет. Што после Погба. Плус проблем е шо Видал е исто со пола нога заминат. Те повреда те понашање. Некако не се наоѓа во тимот сезонава. Бонус и Пирло е пред пензија. Значи збораме за три потенцијални заминувања.

Да претпоставиме дека ќе добиеме луда понуда за Погба. 100 Миљони. Што мислите во кои играчи треба да се вложат тие пари? Кои се новите Недвед,Буфон и Турам.
Искрено желбите да се ангажира Перси, Фалкао па и Кавани не ми се бендисваат. Сите тројца се во надолна линија и најдоброто од нив е поминато. Требаат играчи кои пред себе имаат барем 10години фудбал и барем еден од нив да можи да можи да се продај за добра сума.
 
Тоа и ми беше поентата, играчи како Погба носат ЛШ.

Ние и да земиме 100 милиони кој играч ќе мојме да го купиме кој е јак или има потенцијал како Погба ?
Ретки се таквите.
Епа немаме друг избор нели освен со сила да го држиме и да изгубиме многу во очите на фудбалскиот свет, младите таленти а богами и агентите. Тоа ни се опциите[DOUBLEPOST=1422646688][/DOUBLEPOST]
Епа еве тема за муабет. Што после Погба. Плус проблем е шо Видал е исто со пола нога заминат. Те повреда те понашање. Некако не се наоѓа во тимот сезонава. Бонус и Пирло е пред пензија. Значи збораме за три потенцијални заминувања.

Да претпоставиме дека ќе добиеме луда понуда за Погба. 100 Миљони. Што мислите во кои играчи треба да се вложат тие пари? Кои се новите Недвед,Буфон и Турам.
Искрено желбите да се ангажира Перси, Фалкао па и Кавани не ми се бендисваат. Сите тројца се во надолна линија и најдоброто од нив е поминато. Требаат играчи кои пред себе имаат барем 10години фудбал и барем еден од нив да можи да можи да се продај за добра сума.

Јас би одел по Коке и Кавани +Quintero само за овај вториов платата некако проблем мислам ќе бид. Да не заборавме дека и Асамоа e CM и тоа доста солиден и повеќе од солиден. Тоа е.
 
Епа немаме друг избор нели освен со сила да го држиме и да изгубиме многу во очите на фудбалскиот свет, младите таленти а богами и агентите. Тоа ни се опциите
Гледам дека немаме и тоа ми смета.
И да имаме пари да му даваме огромна плата него и да му дајме пари на агентот негов лигата е проблем.
Погба уште малце ќе ја надрасни, ќе нема конкуренција, нема да може да расте и да се развива.
 
Тоа и ми беше поентата, играчи како Погба носат ЛШ.

Ние и да земиме 100 милиони кој играч ќе мојме да го купиме кој е јак или има потенцијал како Погба ?
Ретки се таквите.

Ако го земат Кавани со тие пари и ги вратат Заза и Берарди сме завршиле работа со напад за наредни пет години. Ќе остане некој денар да ја средат и одбраната. Со тоа што лев бек е приоритет. Ама средината од најјака страна дупка ќе стане. Ќе се отворат две дупки тогаш, и за Пирло и за Погба ќе се бара замена. И пак ќе мораат да вложат пари од џеб за да ги пополнат квалитетно тие позиции. Ај Стураро ако се покаже добро тоа ќе биде супер ама и Маркизио и Видал не се подмладуваат. Ќе мора на време да се мисли за средината.
 
Парите се се денес во фудбалот сакале да признајме ние или не и тоа не смао во фудбалот туку во секој спорт чист пример - Катар на светското во ракомет.
Како бе вака до вчера групно :drk: на зделките на нашиот ТРАНСФЕР ГУРУ,а сега толку немате верба во него? :P
Ајде малку живо, ќе ја биде работава :icon_lol:

Јас цело време јадам вака гомна за Марота и се надевам деке еден ден ќе ме демантира со некој јак трансфер, ама не бре братееееее, чоекот си ги враќа Де Чеље и Освалдо и кур не му чуе :ROFLMAO: :kuracc:
 
Јас не реков дека сум против Марота јас прв го подржвам Марота и го бранам барем досега а на лето ќе видиме што ќе испадни.
 
Јас не реков дека сум против Марота јас прв го подржвам Марота и го бранам барем досега а на лето ќе видиме што ќе испадни.
Очекуваш барем еден голем трансфер на лето и дали мислиш дека е нужно да се оди на таков трансфер, според тебе? :)

(Без да го ставаме Погба во равенкава, рачунај дека останува)
 
Раиола притиска за продажба на Погба зато и на секое е во Виново, плус неможиме да му понудиме плата колкава што бара Раиола и сам сака да го продаде и гледам Погба не се буни ако ни дадат 100 милиони како што рече раиола дека за толку планира да си оди тогаш малку можиме да направиме, а добри пари се. На Марота не му судам дури не го видам што би напрајл со голем буџет т.е. со толкава сума пари.. Во сампдориа со малце поголем буџет ги зеде Касано, Пацини, Икарди и ред друго стално имал добро око :D е сега ќе видиме
Повторно се начнува темата за Погба.

Реалноста, е таа. Раиола и денеска беше во просториите на Јуве во Торино. Чим орелов секој ден се вртка во Торино, не е за џабе. Мириса пари, а тогаш е опасен :).

Едно е сигурно, со него нема тикви садење. Јуве треба да постапи многу претпазливо и сета ситуација да ја сврти во своја полза. Прво, седнување со Погба, и картите на маса, да си кажи искрено Погба. Дали сака да остане во Јуве или ќе прифати понуда од друг клуб кој ќе му понуди повисока плата. Потоа Јуве треба да му понуди повишување до одреден степен на Погба, и да чека дали ќе ја прифати тој, и од тоа какви му се плановите за иднина. Ако изрази желба за заминување, тогаш Јуве треба да проба Погба да го стави на аукција, и да одбери највисока понуда. Со реинвестирање на парите. Продажба без мудра реинвестиција на парите значи ослабување на Јувентус.
 
Доколку истиот посака да си оди, Јувентус да одлучи на кого да го продаде(highest bidder), без при тоа да може Погба да каже НЕ. Каде ќе посака Јуве, таму да го продаде и овој да ја прифати платата. Во спротивно, секој би сакал истиот да остане и да игра за Јувентус колку што е можно подолго.
 
Реално и да земат 100(хипотетички) не гледам кои се тие играчи кои би се донеле и би зголемиле квалитет. Ако земеме во предвид дека Погба е вундеркид и со негово заминување значајно се губи на квалитет, кои се тие кои би можеле да го зголемат квалитетот, кога се повеќе играчи ја избегнуваат Серија А ? Ме интересира кого би го прифатиле за да се пополни дупката што ќе ја остави ?
 
само не ми е јасно, како бе Марота успеа да го земе без пари бе.. Толку слепци беа Ман Ју па не го видоа квалитетот на Погба?
 
Повторно се начнува темата за Погба.

Реалноста, е таа. Раиола и денеска беше во просториите на Јуве во Торино. Чим орелов секој ден се вртка во Торино, не е за џабе. Мириса пари, а тогаш е опасен :).

Едно е сигурно, со него нема тикви садење. Јуве треба да постапи многу претпазливо и сета ситуација да ја сврти во своја полза. Прво, седнување со Погба, и картите на маса, да си кажи искрено Погба. Дали сака да остане во Јуве или ќе прифати понуда од друг клуб кој ќе му понуди повисока плата. Потоа Јуве треба да му понуди повишување до одреден степен на Погба, и да чека дали ќе ја прифати тој, и од тоа какви му се плановите за иднина. Ако изрази желба за заминување, тогаш Јуве треба да проба Погба да го стави на аукција, и да одбери највисока понуда. Со реинвестирање на парите. Продажба без мудра реинвестиција на парите значи ослабување на Јувентус.
според мене таа желба на Погба да остани тука е причината поради која го продолжи договорот, ама овај пат не останува на него туку агентот бира.[DOUBLEPOST=1422655800][/DOUBLEPOST]
само не ми е јасно, како бе Марота успеа да го земе без пари бе.. Толку слепци беа Ман Ју па не го видоа квалитетот на Погба?
Погба беше донесен како 5ти средњак во тимов како ротација за куповите па дури имаше гласини дека ќе оди на позајмици итн ама детето ди се проби иако никој не очекуваше дека ќе блесни толку туку само Марота одбиваше да го пушти на позајмица и сакаше да го чува Конте во тимот. Марота е познат по зделките за младинците Икарди тка го чапоса, за скоро бес пари ги чапоса Пацини, Касано. Кај нас гледај Берарди, Ругани, Коман, Погба,
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom