Голмани: Буфон, Сторари, Рубињо
Одбрана: Лихтштајнер, Бонучи, Барѕаљи, Келини, Огбона, Касерес, Евра, Мота
Средина: Пирло, Погба, Видал, Маркизио, Азамоа, Пепе, Ромуло, Переира, Падоин, Мароне, Матиело
Напад: Љоренте, Тевез, Џовинко, Мората, Коман
_________________________________________
Се на се, имаме 27 играчи на располагање што е задоволително според мене. Истотака имаме и играчи за ротација, некои играчи од средината се прилагодени да играат во одбрана. Сега очекувам Алегри да не ги форсира цело време истите играчи, туку постојано да го комбинира составот... тоа не беше случај со Конте, ама сепак не му замерувам на човекот, дека минатата година клупата ни беше за никаде.
Истотака од Алегри очекувам на полесните натпревари во Серија А да ги игра помладите играчи, а најважното е како Макс ќе успее да ги ротира играчите при промена на формацијата. Тука ги ставам и замените што ќе ги прави, знам човекот во Милан правеше некои катастрофални потези кога требаше да брка резултат. Еве сега на дуелот со Киево направи само две измени, значи и тука малце забегува тренеров.
Ама ај да не зборам предвреме, ќе му дадам на Алегри максимум 10 натпревари да се докаже на клупата на Јувентус, па потоа ќе правиме муабети.
