Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.317
- Поени од реакции
- 18.731
Слаб тим е Киево, го реков тоа уште пред почетокот и не е некој соодветен тим да се зема за репер на нашата игра. Во секој случај доминацијата која ја видов на теренот, желбата за игра, борбеноста, пожртвуваноста и трчењето по ништо не се разликуваат од минатите сезони. Никој од овој тим не е ограничен и никој нема западнато во таа позната летаргија која повеќе пати се гледаше на играчите на Милан под водство на Алегри. Секоја чест за сите, посебно мислам дека Видал со овој натпрева покажа дека сака да игра за овој дрес и дека и натаму е спремен да го дава својот максимум на теренот. Коман е вреден за споменување, покажа движења и потези несвојствени за играч од 18 години на дебитантскиот настап. Многу ми се допаѓа тоа што се наоѓа во тимот и што очигледно се смета на него. Не треба да се заборави дека еден млад играч да успее потребно е да му се даде асална шанса. Никој од клупа и позајмици не станал играч.
Е сега ќе кажам нешто што мислв дека нема да го кажам никогаш ама заслужено е:
Алегри

Се нервираше во текот на натпреварот за промашените шанси, не му беше сеедно и не беше повлечен на клупата да го гледа натпреварот како гледач. Дискутираше на клупата, укажуваше на пропустите и не е задоволен од резултатот. Тоа ми се допаѓа што на крајот од натпреварот излезе изнервиран, каков што и треба да биде. Од играта и пристапот кон истата сите може да бидат максимално задоволни, но од резултатот никако. Смешно е што овој натпревар заврши 0-1 со автогол во 6та минута. Требаш барем до 0-3 да стигне и мирно да го проследиме крајот од натпреварот. Од тренер како Алегри очекував да биде задоволен и да не се замара ич, но тој покажа дека не е глуп и дека во нареден меч може Буфон да не одбрани 1на1 и да останеме со 1 бод од натпревар што треба да се победи со неколку голови разлика.
Се на се позитивен е стартот, но треба да се работи уште на многу детали од играта и да се подобрат многу работи, со акцент на реализацијата.