Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Кога можеше буфон да има договор за во Милан во 2006 и да пропадне само дека биел дел од Калчополи и тие, кога можи моџи да има исто договор оти да не може и конте?
Сериозен медиум со глупа вест.

Од друга страна, другарот на Конте го пишуваат со име и презиме, и ова е озбилна работа, која не верувам дека лесно ќе помине, поточно, ако е измислица веста, другаров на Конте може да си кркне добра парична оштета. :).

Но, што правиме ако е вистина? o_O Не сакам ни да верувам.. Зошто и лани летото ваква вест одвреме навреме струеше, но ја гледав исто како вицотека.

Единствено, ако се работи за измислен пријател, но сепак и во таков случај медиумот може да одговара ако поднеси некој тужба.

Очекувам реакција, од Конте,или од неговиот агент.
 
Челзи се спремал да лупни 75 милиони за погба[DOUBLEPOST=1405541221][/DOUBLEPOST]btw Падован во К(у)ротоне

и ајде вратете се во нормала што беше помина мора напред сега, не бидете тинејџерки
 
Ова треба сериозно да се разгледа.
Јас ќе го испратам до Аеродром сериозно, само да остани Видал а мислам дека ќе остани. Не знам осеќам дека ќе се деси нешто со тој потенцијал на погба...[DOUBLEPOST=1405541477][/DOUBLEPOST]
не не јас за 2004 /05 или 05/06 ти прам муабет
Не знам братче, како и да е минато е.
 
Ова треба сериозно да се разгледа.
Сериозно да се разгледа, ако се прифати понудата, да се реинвестираат парите. Се друго е рамно на самопропастување.

Еве го другар му на Конте:

FZZhJp8.jpg


И на Газета, Тутоспорт, Кориере ја има истата вест :unsure:.
 
Уште не ми се верува дека ова се случи, ама вистина е и треба да се резимира.

Прво ќе кажам дека ова е многу лош потег од страна на Конте. Да, резултатите беа одлични, особено во Италија каде се доминираше и секоја чест и фала му за се, но разделбата не е како што треба. Се надевам дека нема да чекаме да напише автобиографија за да ја дознаеме вистинската причина за неговото заминување. Дури да каже нешто повеќе, може да збориме само за шпекулациите.

Едната вика дека си оди затоа што управата решила да продаде некој од Погба и Видал / не ги купила играчите кои биле желба на Конте. За првиот случај, иако е мешање во селекција на играчи од управата, историјата покажува дека Конте не е во право. Зидан се продаде за рекордна сума, со тие пари се купи пола екипа која две-три години подоцна беше во финалето на ЛШ. Не верувам дека Марота по толку ценкања, некој од двајцава би продал за ситница. На страна тоа што упорно изјавуваат дека нема никој да се продаде. Тоа ќе го дознаеме до 1 септември. За вториот случај, досега, секој што можеше беше купен и тоа со многу договарања и ценкања, со што клубот функционираше одлично и на терен и финансиски. Не може да се купи секој, а до сега освен за Санчез и можеби Итурбе, барем низ шпекулацииве не прочитав дека некој не успеале да го договорат.

Другата шпекулација е дека Конте веќе имал договор со Милан за од 2015...За ова само ќе кажам дека ако се покаже како вистина, никогаш нема да му биде простено и ме интересира каква ќе биде реакцијата на истите фанови кои денес протестираа против ваквата одлука. Ова би го дознале најдоцна следниот јуни...

Како и да е, премногу лош тајминг, сигурно мотивацијата и желбата на стартот на подготовките беше голема, а сега Алегри ќе има ѓаволски тешка работа да го направи тоа за што Конте беше одличен, да ги дигне играчите пред почетокот на сезоната. Пак ќе кажам, многу ме интересира што е тоа што во мај беше договорено, па Конте реши да остане, а сега му смета, па си оди...Друга работа е што сега, се шпекулира дека никој од ростерот не е сигурен играч на Јуве...се надевам тоа е само трчање по читаност и дека никој нема да си оди поради Конте, а Евра и Мората ќе дојдат.

Што се однесува до Алегри, не би коментирал дали е добар или лош изборот, ќе си покаже времето. Досега имаше успех со екипите каде што беше тренер, иако повеќето беа мали, но и Конте дојде со искуство од помали екипи. Ќе видиме...

На крај, зборовите на капитенот: Вистинскиот џентлмен, никогаш не ја остава својата дама!
 
позитивна страна е тоа што Алегри вадеше максимум од сите, Ночерино го напрај светска класа играч со 15 голови
 
Luciano Moggi: Allegri was chosen because it is a corporate consultant trainer as they were Capello, Ancelotti and Lippi.
 
Luciano Moggi: Allegri was chosen because it is a corporate consultant trainer as they were Capello, Ancelotti and Lippi.

Ако е во право стариов, ондак Алегри нека биде успешен како и другиве, па баш ме заболе дали бил corporate consultant trainer или тврдоглав менаџер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom