Уште не ми се верува дека ова се случи, ама вистина е и треба да се резимира.
Прво ќе кажам дека ова е многу лош потег од страна на Конте. Да, резултатите беа одлични, особено во Италија каде се доминираше и секоја чест и фала му за се, но разделбата не е како што треба. Се надевам дека нема да чекаме да напише автобиографија за да ја дознаеме вистинската причина за неговото заминување. Дури да каже нешто повеќе, може да збориме само за шпекулациите.
Едната вика дека си оди затоа што управата решила да продаде некој од Погба и Видал / не ги купила играчите кои биле желба на Конте. За првиот случај, иако е мешање во селекција на играчи од управата, историјата покажува дека Конте не е во право. Зидан се продаде за рекордна сума, со тие пари се купи пола екипа која две-три години подоцна беше во финалето на ЛШ. Не верувам дека Марота по толку ценкања, некој од двајцава би продал за ситница. На страна тоа што упорно изјавуваат дека нема никој да се продаде. Тоа ќе го дознаеме до 1 септември. За вториот случај, досега, секој што можеше беше купен и тоа со многу договарања и ценкања, со што клубот функционираше одлично и на терен и финансиски. Не може да се купи секој, а до сега освен за Санчез и можеби Итурбе, барем низ шпекулацииве не прочитав дека некој не успеале да го договорат.
Другата шпекулација е дека Конте веќе имал договор со Милан за од 2015...За ова само ќе кажам дека ако се покаже како вистина, никогаш нема да му биде простено и ме интересира каква ќе биде реакцијата на истите фанови кои денес протестираа против ваквата одлука. Ова би го дознале најдоцна следниот јуни...
Како и да е, премногу лош тајминг, сигурно мотивацијата и желбата на стартот на подготовките беше голема, а сега Алегри ќе има ѓаволски тешка работа да го направи тоа за што Конте беше одличен, да ги дигне играчите пред почетокот на сезоната. Пак ќе кажам, многу ме интересира што е тоа што во мај беше договорено, па Конте реши да остане, а сега му смета, па си оди...Друга работа е што сега, се шпекулира дека никој од ростерот не е сигурен играч на Јуве...се надевам тоа е само трчање по читаност и дека никој нема да си оди поради Конте, а Евра и Мората ќе дојдат.
Што се однесува до Алегри, не би коментирал дали е добар или лош изборот, ќе си покаже времето. Досега имаше успех со екипите каде што беше тренер, иако повеќето беа мали, но и Конте дојде со искуство од помали екипи. Ќе видиме...
На крај, зборовите на капитенот: Вистинскиот џентлмен, никогаш не ја остава својата дама!