Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Габи ќе биди играчиште и ќе си ја чукаме глата Сампдорија не го даваше назад и сеуште е 50%-50% проблемот со Имобиле беше тоа што тој не сакаше да игра за Јувентус, изгорен беше за Наполи поради тоа што е Наполитанец а и не се вклопва никако во плановите на Конте.

Не се секирам ако е некој играч лигав сигурен сум дека Конте можи да го извади максимумот од Пато, али...
Не би рекол дека од секогаш било така. Шо бараше во школа на Јуве? Мислам дека последниве неколку години со досадниве позајмици има пукнато тиквата.
 
Како бе шо бараше во Јуве? Ти не би одел во клубот кој има една од најдобрите младински школи во европа и е најглоем клуб во цел континет, и ако веќе ти пружу шанса прв? :)
 
Габи ќе биди играчиште и ќе си ја чукаме глата Сампдорија не го даваше назад и сеуште е 50%-50% проблемот со Имобиле беше тоа што тој не сакаше да игра за Јувентус, изгорен беше за Наполи поради тоа што е Наполитанец а и не се вклопва никако во плановите на Конте.

Не се секирам ако е некој играч лигав сигурен сум дека Конте можи да го извади максимумот од Пато, али...

Брат не го викај Габи жити се:D не знам за него како е дали иаме одредено фиксна цена ако го откупиме следна сезона како што имаме за Берарди - 10 мил. што е добар дил иако го сакав и оваа сезона Берарди но читав дека сам сакал да остане уште една сезона,можеби чувствува дека сеуште не е спремен за Јуве а и не мора да се брза со него млад е.

Искрено мене многу поише мерак ми праат Берарди и малиов од ПСЖ Конан,викаат дека има огромен потенцијал,Лавеци и неговиот тренер изјавија дека има техника,брзина,дриблинг и е добар еден на еден,погледајте го клипот да видите што им праи на Реал:)
 
Како бе шо бараше во Јуве? Ти не би одел во клубот кој има една од најдобрите младински школи во европа и е најглоем клуб во цел континет, и ако веќе ти пружу шанса прв? :)
Препрочитај го муабетот. Збораш дека сака да игра за Наполи. Јесте дека школата на Јуве е најдобра али кога тргнал таму сигурно цел му била еден ден да заигра за Јуве, а не за Наполи.
Муабетот ми е дека во одреден момент се има потскарано со раководството и има пишано крст дека ќе заигра за Јуве.
 
Сваќам ама велам што ако имал само една шанса а таа била Јуве па го видел јуве само како 'stepping stone' до Наполи ?
 
На никој нормален играч не може Јуве да му биди 'stepping stone' до Наполи. Може како на Исла да му биди 'stepping stone' до Реал Мадрид. :icon_mrgr:
 
На секој нормален ама овај испадна тешка будала :)
 
Итурбе го прашувал Лука Тони за Јуве и за Конте,како било таму и потоа го споредува Итурбе со Рибери.

Да се лапне што побрзо пошо и Милан е заинтересиран. Ова ме потсеќа со Тевез кога Милан требаше "само" да го шитне Робињо и после беа убедени дека ќе го земат Тевез.Галијани - "Тевез нема да ме предаде". У оваа ситуација Милан прво треба да го шитнат Кака за да можат да го земат Итурбе,и сеа осеќам Галијани ќе се избаци "Итурбе нема да ме предаде":rolleyes::vozbud:
 
Ништо од Санчез, а...? :place: Јас реков, требаше Чиле да испаднат уште во групи, само се најдоа Шпанцине неспособни да се без Љоренте, и замина возот :giggle:
 
Итурбе го прашувал Лука Тони за Јуве и за Конте,како било таму и потоа го споредува Итурбе со Рибери.

Да се лапне што побрзо пошо и Милан е заинтересиран. Ова ме потсеќа со Тевез кога Милан требаше "само" да го шитне Робињо и после беа убедени дека ќе го земат Тевез.Галијани - "Тевез нема да ме предаде". У оваа ситуација Милан прво треба да го шитнат Кака за да можат да го земат Итурбе,и сеа осеќам Галијани ќе се избаци "Итурбе нема да ме предаде":rolleyes::vozbud:

само разликата е тоа што и Рома го сака овој играч :cool:
 
Нека продолжи да го сака.... :love:

Шала на страна, многу му дигнаа цена, немав прилика да го гледам многу сезонава, знам дека е голем талент, ама Верона оваа година играше офанзивен фудбал и даваа многу голови, а неговиот учинок и не е баш импресивен. Сакам да кажам дека 25мил за овој играч се ризик, а не па 30мил колку што му бараат. Некои 20мил се можеби ОК, со оглед на високите цени на младите играчи.
 
Да ти кажам право, јас нит знам кој е овој Итурбе, нит знам во кој клуб играл пред Верона, нит сум го гледал, нит знам зошто му ја качуваат толку цената. Ама сепак не верувам Марота ако сака да го купи, да фрли 25/30 милиони за него. Сигурно нешто ќе искомбинира со некој наш вишок, и ќе додаде негде 17 до 18 милиони за него. А и Милан гледам е заинтересиран за него.

Каша Попара
 
Шала на страна, многу му дигнаа цена, немав прилика да го гледам многу сезонава, знам дека е голем талент, ама Верона оваа година играше офанзивен фудбал и даваа многу голови, а неговиот учинок и не е баш импресивен. Сакам да кажам дека 25мил за овој играч се ризик, а не па 30мил колку што му бараат. Некои 20мил се можеби ОК, со оглед на високите цени на младите играчи.
Одличен играч е верувај ми. Има спој од техника, брзина, сила и разорен удар. Во играта потсеќа на сегашниов Роналдо со помалку акцент на атлетскиот дел, а со повеќе на физичката сила.
 
Муриел е играчи кој највеќе потсеќа на Роналдо и во играта и на изглед:P

А за Итурбе мислам дека не треба да се каракем, кога е толку голем талент нека оди во Милан за 35мил. реално е мислам таква завршница да има:icon_mrgr::P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom