Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Го учат занаетот :)
tumblr_n630j5yO921s8z5rho1_250.gif
А шо, Џиџи накај девојченцето покажуе? :D
 
Не ми се верува, Верона дадоа 15 милиони евра за Итурбе, ние се циганчиме за секој можен играч еј, кои кретени. :facepalm:

Осеќам како секој преоден рок ќе биде, Агуеро, Ван Перси, Коларов, итн итн и на крај ги носиме Бориело, Бентнер и Пелусо.
 
Верона ќе го продаде Итурбе одма, имаше шпекулации дека ќе го откупат со пари од Рома.А за цигани најголеми сме ако Барса бара 25М за Санчез.
 
Па нормално е дека сме најголеми цигани, иако имаме пари, ние се правиме бетер од Галијани последниве 2 години, одиме по играчи кои им истекува договорот. Дрогба, Евра, Нани,.... овој вториов ќе остане уште една сезона во Јунајтед, така да пиши пропало. Ај сваќам да се ценкаш за Санчез, ама дајте бре да биде во граници на нормалата, они бараат 25, нормално ценкање е за 3 до 4 милиони. Ама Марота прво понудува срамна сума од 15 милиони, а сигурен сум дека кога ќе појде кај нив во Барселона по играчот, дополнително ќе се ценка за уште 2-3 милиони. Јас незнам како Конте се согласи да остане уште една година кај нас, и да го дупат у здрав мозок за засилувањата. Марота многу го поштував првите 2 сезони, затоа што фактички безпари ни направи тим кој ќе гази во Серија А, ама да бидеме реални, вака ако продолжиме и понатаму, тешко дека ќе забележиме некаков успех во Европа. Четвртфинале максимум ќе ни биде секоја година.
 
Кога сме веќе кај Марота, нркаде прочитав дека првата понуда за Ван Перси му била 7 милиони.

Во рубриката ''Ripley's believe it or not''
 
Еееее тежок е животот на спортските директори. :)

Едно ако може да ми појасните. Како кога Љоренте, Видал и Тевез газеа се по Сериа А го величавме Марота како за речиси безпари купил мн јаки играчи, како само тој го може тоа и никој друг, а сега кога има некаква шпекулација и некој си извор дека се ценкал со Барселона за Санчез наеднаш не чини човеков, ,,незнам како Конте се нафати да остане сезонава" викате?
 
Трите играчи што ги наброја се шанси кои не се случуваат секој трансфер период. Љоренте пред една сезона кога сам ги победи Јунајтед вредеше 30 милиони, Сити сакаше да се ослободи од палавиот Тевез, за Видал имаше многу поголема понуда од Баерн која не сакаа да ја прифатат, дури и Видал правеше притисок за да замини кај нив. И сега ние треба да чекаме вакви шанси да правиме трансфери? Играчи кои се скарани со управите и тренерите, од каде да знаеме дека нема истото да се повтори и кај нас? Сепак ние сме Јувентус срамота е да немаат 25М за Санчез, класа млад играч кој можеме да го користиме најмалки 7-8 години. Разбирам дека немавме пари поради калчополи и неиграњето во ЛШ но сега сме шампиони на Италија, имаме одличен проеки и костур на составот кој треба само да се надоградува и ќе имаме успех.
 
Еееее тежок е животот на спортските директори. :)

Едно ако може да ми појасните. Како кога Љоренте, Видал и Тевез газеа се по Сериа А го величавме Марота како за речиси безпари купил мн јаки играчи, како само тој го може тоа и никој друг, а сега кога има некаква шпекулација и некој си извор дека се ценкал со Барселона за Санчез наеднаш не чини човеков, ,,незнам како Конте се нафати да остане сезонава" викате?
Тие играчи Конте ги врати ''во игра''.

-Пирло го спремаа за пензија, катастрофален беше човекот последните две сезони, Конте го ПРЕПОРОДИ.
-Барзаљи беше шитнат за 300.000 евра, што повеќе да се каже, најкостантен играч убедливо во ерата на Конте, исто така негова заслуга.
-Тевез пред две сезони изјавуваше дека сака да се пензионира од фудбал, постојано имаше проблеми во Сити, тука не зуцна и се гледа со колкава желба игра, заслуга на Конте.
-Љоренте беше ''замрзнат'' цела сезона, Конте и неговиот стручен штаб го вратија во врвна физичка кондиција и имаше прва супер сезона.
-Погба претпоставувам дека е пик на Марота и Паратичи, така да пола заслуги се за нив што го препознаа талентот, а другото на Конте што му овозможи да игра на 20 години, нешто што многу ретко се гледа во Италија.

Единствено(од поголемиве трансфери) Видал го изиграа брилијантно, таков играч за 10-12 милиони да донесеш е стварно за секоја пофалба, иако и тука имаа своевидна ''помош'' во тоа што Баер во никој случај не сакаа да го продадат на Баерн Минхен, а во помал клуб не би било логично да оди, па мораше во Јуве.

Муабетот ми е клубовите баш и не се ''тепаа'' за овие играчи, па да мора Марота да наддава или нешто слично, едноставно сите што ги зема беа ризици, што Конте ги претвори во првотимци и носители на новиот Јуве.
 
Па нормално е дека сме најголеми цигани, иако имаме пари, ние се правиме бетер од Галијани последниве 2 години, одиме по играчи кои им истекува договорот. Дрогба, Евра, Нани,.... овој вториов ќе остане уште една сезона во Јунајтед, така да пиши пропало. Ај сваќам да се ценкаш за Санчез, ама дајте бре да биде во граници на нормалата, они бараат 25, нормално ценкање е за 3 до 4 милиони. Ама Марота прво понудува срамна сума од 15 милиони, а сигурен сум дека кога ќе појде кај нив во Барселона по играчот, дополнително ќе се ценка за уште 2-3 милиони. Јас незнам како Конте се согласи да остане уште една година кај нас, и да го дупат у здрав мозок за засилувањата. Марота многу го поштував првите 2 сезони, затоа што фактички безпари ни направи тим кој ќе гази во Серија А, ама да бидеме реални, вака ако продолжиме и понатаму, тешко дека ќе забележиме некаков успех во Европа. Четвртфинале максимум ќе ни биде секоја година.
А чекај, Марота е газда на Јувентус, и тој финансира? Јас мислам, Елкан дека беше тој!

Марота, колку ќе му дадат пари, толку ќе дава, така да ако веќе се критикува за парите, тогаш, Марота е последен што треба да се критикува, зошто тој зема плата од Елкан, и ги троши парите на Елкан.[DOUBLEPOST=1401011654][/DOUBLEPOST]
Тие играчи Конте ги врати ''во игра''.

-Пирло го спремаа за пензија, катастрофален беше човекот последните две сезони, Конте го ПРЕПОРОДИ.
-Барзаљи беше шитнат за 300.000 евра, што повеќе да се каже, најкостантен играч убедливо во ерата на Конте, исто така негова заслуга.
-Тевез пред две сезони изјавуваше дека сака да се пензионира од фудбал, постојано имаше проблеми во Сити, тука не зуцна и се гледа со колкава желба игра, заслуга на Конте.
-Љоренте беше ''замрзнат'' цела сезона, Конте и неговиот стручен штаб го вратија во врвна физичка кондиција и имаше прва супер сезона.
-Погба претпоставувам дека е пик на Марота и Паратичи, така да пола заслуги се за нив што го препознаа талентот, а другото на Конте што му овозможи да игра на 20 години, нешто што многу ретко се гледа во Италија.

Единствено(од поголемиве трансфери) Видал го изиграа брилијантно, таков играч за 10-12 милиони да донесеш е стварно за секоја пофалба, иако и тука имаа своевидна ''помош'' во тоа што Баер во никој случај не сакаа да го продадат на Баерн Минхен, а во помал клуб не би било логично да оди, па мораше во Јуве.

Муабетот ми е клубовите баш и не се ''тепаа'' за овие играчи, па да мора Марота да наддава или нешто слично, едноставно сите што ги зема беа ризици, што Конте ги претвори во првотимци и носители на новиот Јуве.
Значи, според твојава филозофија, и Моџи немаше јаки трансфери, туку тука беа Липи/Капело? Каде бе, Ибро тепач во Ајакс, саботер, па дојде во Јуве, да не беше Капело ќе пропаднеше. Канаваро, греач на клупа во Интер, никој жив не го сматраше, па го доведе Моџи во Јуве..Каморанези, надежно крилце од Верона, ништо особено тогаш, и многу други примери. Единствени како готов производ што ги зеде беа Недвед,Зидан и Буфон. Нешто налик вака идат твоиве констатации..

Мислам дека е сосема погрешно е да му се припишува цела заслуга на поединец, или Управа. За успешен тим, треба успешен тренер,успешна управа,успешен Претседател.. Тоа ти е синџир, една алка ако не функционира ќе се скини.
 
Последно уредено:
http://gianlucadimarzio.com/en/calc...nd-drogba-while-di-maria-will-remain-a-dream/
Еве Конте за кој играч е најмногу заинтересиран. Ама не можеш ти да купиш играч од голем и богат клуб, особено ако ни играчот ни клубот не сакаат трансфер.
Што се однесува до Дрогба, да точно е дека има 36 години, но сите знаеме какво искуство има тој во ЛШ. Вие од една страна сакате некој од младинците што се позајмица да се вратат во Јуве, што е во ред. Од друга страна, сакате европски успех, што истотака е во ред. Ама тие две работи мене некако не ми се споиви. Ако се сложи Дрогба на помала плата, зошто да не.
И сфатете веќе еднаш дека не е така едноставно да се фрлат 30, 40, 50 милиони за еден играч. Ама ок, ваљда како навивачи така гледате на работите.
 
Сајтот на Ди Марцио имал опција и на Англиски да се читаат вестите... А пак јас цело време преку Гугл Транслејт очи вадам :LOL:

Инаку Среќен 61 Роденден Шири :place:
 
Кај сте бе пичови, малку ме снема и одма почнавте да кукате, да плачете и да ме барате. Посебно оној Ширеава мислиш цицка му давам да го е*ам :icon_lol:

И што ве гледам овде песимисти, сте се растажиле и растревожиле за трансфериве како да не знаете што ќе се случи. Цело лето ќе не мават во здрав мозок со тоа дека со Санчез се преговара, Ди Мариа е пред потпис, а дошле до идеја да се обидат да ангажираат и еден од Меси или Роналдо. За младите пак ќе не убедуваат дека подобро да останат на позајмица во Сасуоло и остали селски екипи како би стекнале искуство и би станале она што стана Џовинко, еден обичен умрен просек. После тоа ќе виде Марота дека се приближува крајот на трансфер периодот и ќе се обрне кон неговиот омилен дел, а тоа е кремот од Италија екипите како Аталанта и Удинезе и ќе донесе од таму 2-3 26 годишни играчи под паролата дека се одлични играчи со искуство во Сериа А и дека ќе послужат многу. После тоа во сезоната ќе видиш дека заедно ќе искомбинираат 5 настапи, а Конте ќе си ја мава главата од ѕид со 13 играчи за 50+ натпревари. Е ќе сака да си оди, како нема да сака.

Ќе заврши трансфер периодот со потрошени 15 милиони на 6 играчи се со цел да не се излезе од рамките на ФФП и за жал неочекувано ќе пропаднат трансферите на Ди Мариа и Санчез. На крајот како крило ќе го реинкарнираме Пепе, додека не се исклучува можноста Џакерини да го вратиме за 3 кила сончоглед.

I'm back bitches :cool::cool:
 
Сајтот на Ди Марцио имал опција и на Англиски да се читаат вестите... А пак јас цело време преку Гугл Транслејт очи вадам :LOL:
Англиската верзија не се ажурира често како Италијанската, така да подобро да си продолжиш со гугл транслејт :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom