Погба е исклучок. 1 во миљони. Секоја чест шо успеа покрај онаа тројка да си се избори за место во тимот.
Арно ама кој друг ќе стигни да се избори за прв тим? Ги имавме џуџето (3-4 златни години ги преседа на клупа), Мароне, Буј (овај па минута нема видено), кој друг да зборам.
Таа една сезона би била залудно фрлено време за тој шо ќе треба да седи и да чека шанса. И кога побрзо ќе стигни да ја добие.
Арно годинава сите останати се загреота по можиме сега со втора постава да го привршиме првенството ама другпат треба некој кој можи со сигурност да ја заврши работата.
Шо се однесува до децата нека играат по Сасуоло, Торино, Самп итн итн и нека се борат од таму. Ако ги бива ќе си ја добијат шансата во Јуве.
Некои од надежниве уште и во Серија Б играат а не во некој просек од Серија А. Габијадини мака мачеше во Болоња прв тим да фати покрај Џила, а не пак покрај Тевез и Љоки.
Кога тогаш ако еволуираат ќе стигнат во Јуве а нема да дремат на клупа. Еве убав пример. Берарди со мечот против Милан веќе има набиено интерес и добра цена за разлика од Мароне (кој се руши во седење) и чија половина вредеше колку Берарди.