Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Еден натпревар ќе изигра послабо Бонучи, одма го критикувате па и на клупа да седнел. Секој играч си има свои слаби натпревари, така и Лео.

Јуве покажа карактер (Бенитез:D) на натпреваров, во второто полувреме.

Сторари, играч на натпреварот, заедно со Лавот.

Ако првата полусезона беше на Тевез, вторава е на Љоренте. Јуве од Трезеге нема ваков играч. Секоја чест, играта со глава му е усовршена, знае да се позиционира,а со оглед на висината и е доста брз, помага на одбраната, браво. Нека продолжи со ова темпо.

Браво и за Антонио Конте. Кога го отпишаа цела Италија Љоренте, кога медиумиве го распнаа од враќање во Билбао, до Арсенал па се до Вест Бромвич и Тотенхем,Конте изјави дека Љоренте не е на продажба, и допрва доаѓало неговото време, и во право бил.

Тренерот на Лацио, Eди Реја го даде можеби најдобриот коментар за Љоренте: „The trouble is with Llorente, it doesn`t matter how you mark him, he`s going to get the header"

Денеска на Тутоспорт имаше статија, дека прва задача на Јуве е да го продолжи договорот на Конте, и сметам дека се потполно во право!! Тоа треба да биде приоритет! Договор, 4 години по 4-5 милиони годишно мислам дека нема шанси да го одбија! Ањели е на потег!
 
speaking of Конте, не го гледав цело второ полувреме ама според лајвскор ниедна измена не напрајл цела утакмица. Шо беше финтата?
и за Сторари глеам сите го фалите, браво ако бранел убо, пошто со рома 0 од 1 одбранети удари
 
v8kaah.jpg


Pepe:pos:Главен и одговорен уредник на забавната програма!

lazio_juventus_102_85667_immagine_ts673_400.jpg
 
Еден натпревар ќе изигра послабо Бонучи, одма го критикувате па и на клупа да седнел. Секој играч си има свои слаби натпревари, така и Лео.

Абе која една утакмица, киксер у душа си е Бонучи, не зезај. :)
Само сезонава колку голови зезна.
Јас искрено сум за да му се даде шанса на Огбона, дечкото има убедливо најголем потенцијал од сите во одбрана, техника, смиреност, физикус, нема што нема. Единствено му фали минутажа и да набилда самодоверба.

Колку само го пцуев Љоренте што ги изгуби скоро сите воздушни дуели у прво полувреме, како да ме слушал, дупло ми врати у второ. :icon_lol:
 
Типот на голот што го дадовме, специјално за Мондонико. Нафрлена од страна од бек до напаѓач на глава, а напаѓачот постигнува гол.
 
Па богами убаво соработуваат Љоренте и Лихт сезонава, од 6 асистенции, 4 му се за Фернандо. :)
 
Стварно го напраивте Огбона како да се работи за Турам. Единствено нешто заедничко што имаат двајцата е што се црнци. Јас дури и малце сум разочаран од Огбона пошто очекував повеќе да покажува. Позиционирањеото му е катастрофа и многу ми изгледа исплашено и понекогаш незаинтересирано. Нормално не е ништо лошо ова напротив сигурен сум дека со добивање на шанси и те како ќе се опушти и ќе напредува. И дај напнавте со Бонучи човекот игра три сезони стандарден у Јуве и у Репрезентацијата вие најдовте цело време да му ги броите грешките.
Како и да е задоволен сум од пристапот во второ полувреме малце фалеше целосен пресврт да им напраиме.
Сторари чоече што одбрани :vozbud:.
Вториот голман ни е подобар од 90% од првите голмани во цела Италија.
 
Абе која една утакмица, киксер у душа си е Бонучи, не зезај. :)
Реално, ако ги броиме грешките сезонава една по една, ќе испадне дека Киелини има и повеќе од Лео згрешено :)

Огбона се гледа дека има кликер и е квалитетен ЦБ, но треба малце да се опушти во играњето, да игра послободно.

Во Италија титула носи одбраната. Тимот што има најдобра одбрана, во 99% од случаите на крајот се радува на Скудетото. Сега мора еден од нив да седи на клупа, ама има многу натпревари во сезоната и сите има да си ја добијат својата шанса. Барем, кај мистерот нема протекции :)
 
Конте веќе неколку натпревари не дава пресови пред натпреварите, денес беше изјавил дека и до крајот на сезоната нема да давал пресови.
 
Реално, ако ги броиме грешките сезонава една по една, ќе испадне дека Киелини има и повеќе од Лео згрешено :)

Огбона се гледа дека има кликер и е квалитетен ЦБ, но треба малце да се опушти во играњето, да игра послободно.

Во Италија титула носи одбраната. Тимот што има најдобра одбрана, во 99% од случаите на крајот се радува на Скудетото. Сега мора еден од нив да седи на клупа, ама има многу натпревари во сезоната и сите има да си ја добијат својата шанса. Барем, кај мистерот нема протекции :)

Да да, дефинитвно и Киелини сезонава воопшто не игра на ниво, посебно ме разочара кога апсолутно беше надигран од еден ветеран како Дрогба. Не дека Дрогба е слаб, напротив, ама што ке се случи кога ке игра против многу поквалитетни напаѓачи. И тоа во клучни натпревари.
Ама ајде, некако повеќе верувам во Џорџо, се случуваат такви натпревари, за разлика од Бонучи што е роден киксер, како некако лежерно си игра, нешто слично на Пирло. Само што разликата е кога ке ја изгуби Лео, нема кој да му чува грб позади.

А веќе кога сме кај одбраната, интересно е што кога дојде Огбона(па и Касерес), се вртеа муабети дека, нели, веќе ке треба да го менуваат полека Барзаљи, во години е, итн итн.

Какво менување човече, па моментално овој е измислен за цела наша одбрана, значи мислам дека поконстантен играч од него во ерата на Конте, НЕМА. :cuc::cuc::cuc:
 
Типот на голот што го дадовме, специјално за Мондонико. Нафрлена од страна од бек до напаѓач на глава, а напаѓачот постигнува гол.

Тоа е тоа што го зборувам. Неверојатна е придобивката од имање напаѓач како Љоренте кој знае да искористи дури и обичен центаршут. Гледаш како носи бодови тоа.

Искрено според мене престрого беше исклучувањето на Буфон затоа што топката му избега странично на Клосе и немаше чиста шанса за гол. Според правилото барем тогаш се покажува црвен картон, кога шансата за гол е 100%. Сепак не е тоа важно, може и црвен во таква ситуација затоа што често тоа е одлука која паѓа врз грбот на судијата и за која има време само неколку секунди да ја донесе. Затоа треба да ја прифатиме одлуката, затоа што на крај краева судијата е тој што суди и тој што знае најдобро.

Инаку колку што можев да гледам, забележав дека со 10 играчи подобар резултат тешко да можевме да добиеме. Искористивме шанса онаква каква што треба во тешки ситуации, а тоа е навидум обичен центаршут и гол, а всушност такви голови лани и преклани беше невозможно да ги замислиме, а камоли да ги постигнеме со играч помалку. Имавме среќа со стативата на оној младиот од Лацио, нешто што мислам дека е неопходно во ваква ситуација. Може да се каже дека сум задоволен колку-толку, ама само тоа да биде мотив за наредниот натпревар да ги искинеме Интер и тоа без да примиме гол. Веќе неколку натпревари по ред примаме барем по еден гол, што според мене е доста лошо. Мора да се надмине тоа и убедливо да преминеме преку Интер наредно коло.
 
Само едно ќе кажам, Огбона потешко се снаоѓа на лев централен отколку либеро.. Јас мислам дека како либеро може достојно да го замени Бонучи, а од друга страна на Барзаљи му лежи оваа формација со 3 централни бекови. Во Волзбург играше со 4ка назад и потешко му идеше.. Значи идеално би било Огбона да го мења Бонучи или би биле Вин Вин ситуација ако Огбона игра рамо до рамо со Киелини ама со 4ка позади (ама така губиме со отсуство на Барзаљи).. Врти сучи имаме квалитетни бекови али не можеш да им ја погодиш позицијаата во соодветна формација ..
 
mk8ar8.jpg


Ете така да си знаете... Од денес, 26 Јануари Лето Господово 2014 @blanco е почесен член на фан клубов. Да не беше Бланко, Љоренте никад немаше да даде гол против Лацио.
И @Mondonico дај не биди намќор, гледаш луѓето се плашат од тебе :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom