Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.346
- Поени од реакции
- 18.807
Задоволен од играта, незадоволен од резултатот. 2-0 е смешно за ваков натпревар. Ги растуривме во секој поглед, игравме неверојатно добро во напад, сите играа одлично освен Бонучи кој пак направи неколку грешки кои сепак не можеа да ги искористат Џенова. Гледате дека и со 3-5-2 може да се игра добро? Не е до формацијата проблемот, туку до играчите е. Не се трудеа доволно на претходните натпревари и направија многу индивидуални грешки, кои гледаме дека уште не се искоренети. Не заборавајте дека денес ни е едвај трет натпревар каде што не примаме гол. Како што кажав денеска минус добива Бонучи заради неколкуте грешки и несигурноста, исто така минус од мене добиваат Љоренте и Погба. Не за играта, туку заради тоа што не искористија 100% шанси. Љоренте посебно играше одлично, ама напаѓач мора да даде гол од такви ситуации. Го почитувам тоа што акцијата ја започнуваме од назад, ама некогаш стварно нема потреба да се ризикува толку.
Доста толку за денеска, во среда има уште еден натпревар на домашен терен против Катанија кој исто мора да го добиеме по секоја цена, пак без да примиме гол.
Доста толку за денеска, во среда има уште еден натпревар на домашен терен против Катанија кој исто мора да го добиеме по секоја цена, пак без да примиме гол.