Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Од сите напаѓачи во тимот, Вучинич е последниот што треба да биде заменет. Твојот хејт и хејтот на останатите треба да иде на други адреси. Најдобриот напаѓач во клубот (4 класи подобар од другите), најпродуктивниот, голови + асистенции и најкреативниот.
Вучинич, Бонучи и Пирло се исклучително важни за нашиот начин на игра. Кога играат тројцата, тимот игра најдобро.
Во принцип, во нападот ништо не се случува ако играта не иде преку Вучинич. Затоа недостига креативноста кога не игра.
Минатата сезона кога го освоивме Скудетото, Вучинич беше клучен играч во оние 9 победи во серија, серија во која го претркавме Милан.
Врати се назад во неговите сезони ќе видиш дека најдоброто од него доаѓа во вториот дел од сезоната, или поточно од Март па натаму.
Како и да ја вртиш, неговиот трансфер е еден од топ 3те на Јувентус од 2006 па наваму и истовремено еден од тројцата најзаслужни играчи за првата титула после Калчополи.