Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Ауу каква утакмица за нашите. Само Мароне ме разочара, подобро е Конте да го игра како дефанзивец.
Џовинко и Џакерини ( Кој денес изиграваше Маркизио на терен, го имаше насекаде ) се издвојуваат како најдобри. Касерес на ниво, за Бонучи и Барзаљи да не збориме. Сторари се здиве, а Исла денес покажа солидна партија.
Ештон Качер имаше исто така добар натпревар, направи асистенција за вториот гол ( Ни тој самиот не знае како ја направи :pos: ) и одлично го проигра Џакерини, кога овој сам со голман му избега топката.

Се на се... :cuc:
Подобро за Мароне е Конте никако да не го игра и да го испрати во Емполи. Според она шо го покажа повеќе од јасно е дека мора зимава да се размислува за да му се најди чаре. Последниве сезони губи премногу со греење на клупата.

За Исла дека имал солидна партија не би се сложил.
 
:)
537902_410646699016167_727169010_n.jpg
 
Значи требало да го изберат Сторари за голман на 21 век

Не, туку тоа значи да се седне малце Буфон на клупа, бидејќи од 3 шута 2 гола прима, а и не сега на оваа со Сампа утакмица и на други утакмици сум приметил колку тапа голови прима, да му се даде шанса на Сторари и да биде прв голман оној кој е во подобра форма ...
 
Не, туку тоа значи да се седне малце Буфон на клупа, бидејќи од 3 шута 2 гола прима, а и не сега на оваа со Сампа утакмица и на други утакмици сум приметил колку тапа голови прима, да му се даде шанса на Сторари и да биде прв голман оној кој е во подобра форма ...

Ниту Сторари, ниту било кој друг голман не може да биде прв пред Буфон во Јувентус, освен на куп натпревари. А дали е некој во подобра форма не можеме ниту јас ниту ти да знаеме подобро од тие стручни лица на кои што тоа им е работа. Едноставно можеме да кажеме само кој нас повеќе ни се допаѓа :). И мене ми се допаѓа како брани Сторари, меѓутоа Буфон е докажан голман со константна форма и капитен на тимот.
 
Само Бог и Јувентус се над Буфон,и октопод да стаат на гол не би го мењал за Џиџи.Мислиш Интер го држат Занети толку години пошо е многу јак?Единствено е незаменлив како човек,лидер,може не е у најјака форма последно време али после онаа верност што ја докажа 2006-та и сакат да биде пак би го оставил да ни биде прв на гол.
 
Парма нема пораз дома.Епа време е за првиот пораз:D



Сум приметил дека кога го гледам ова preview секогаш губиме ... Еве сега нема да го гледам па да видиме дали ќе тепаме ...
 
Многу ретко бе гледаш preview :D:D
Само против Интер и Милан гледав ме интересираше дека дерби беше и изгубивме ... Со сампа не гледав али таа местена е и затоа :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom