Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Во ред е да се бара замена за Асамоа затоа што ќе биде на Купот на Афрички нации ама дали некој во тимот гледа дека најдобри стрелци ни се Маркизио и Видал? Јас разбирам головите да се распоредени на цел тим ама не оди ни напаѓачите да ни имаат ист број на голови со Лихт и со Асамоа.
Се сложувам. Треба квалитетен напаѓач за овој Јуве максимално да го користи својот потенцијал.

Се виде замор на играта кај играчите (последица од мечот со Шахтјор), но важно е тоа дека и со игра под потенцијалите сепак се добиваат натпреварите, зошто против ваквите екипи се зема титула, добар показател е Јуве пред три години: победа против големите, порази од тимови како Каљари, Сиена, Киево итн. и на крај резултат: 7 место.

Но ако сакаат да продолжат и да бидат конкурентни во ЛШ, мора да се ангажира еден добар напаѓач.

Штета за Матри. Никако да му тргни оваа сезона.
 
Теренот беше катастрофа(n) зато играчите изгледаја како да немаат сила и се изморени.
 
Колку само себично од Бонучи, доле имаше слободен играч само не видов кој беше .. Среќа не примивме гол, не ни се врати кармата, бидејќи 2 стативи имавме 5 пати сам пред голманот нивни ... Мора класа напаѓач да земеме , едноставно МОРА ! Оваквите зицери во гол мора да се претворат ...

A ja уплатив 2+, уште па кога видов Бонучи што направи ... ц ц ц
 
Теренот беше катастрофа(n) зато играчите изгледаја како да немаат сила и се изморени.
точно дека теренот беше катастрофа, ама ипак мислам дека јуве беше далеку подобар од нив денес баш се осети дека ни треба класа напагач но што прашањето кој треба да се жртвува пред некои 12 години беше жртвуван Инзаги за Трезеге. Асистенцијата на Вучинич на Лихштаинер :cuc:
 
Cestito pobeda , bravo za site igraci , se vrakame mnogu po silni so Konte :D

Ovoj Juventus mi lici na toj Juventus so Kapelo , koga pobedivme so po 0-1 , so 1-0 ama igra imavme :)

Toaa e momci , samo napred!
 
Ај честито победа, нека се множат :D
Инаку, не го толку критикувајте Вучинич што не се залага, колку и да е добар, црногорец е, јбг :P
 
Од после Милан наваму одличен е, трча пресинг 90 минути.

Ма добар е, јас никогаш не реков дека не е, но има критики како не се залагал.
И ич да не се залага, пак има поголем удел во играта, отколку Матри (зборам за Матри оваа сезона). Овој потег на денешниов натпревар беше нешто неверојатно :)
 
Ма добар е, јас никогаш не реков дека не е, но има критики како не се залагал.
И ич да не се залага, пак има поголем удел во играта, отколку Матри (зборам за Матри оваа сезона). Овој потег на денешниов натпревар беше нешто неверојатно :)
Вучинич е незаменлив играч во Јуве. Цел натпревар може да игра лошо, и со еден ваков потег, го решава натпреварот. Денеска голот беше постигнат кога тој го навлече насебе играчот кој што требаше да го покрија Лихт, па со атрактивна асистенција успеа да има голем придонес во голот на Јуве.

Матри не се препознава оваа сезона. Независно дали е од формацијата или не, сепак лани Матри во истава формација (не дека беше сјаен којзнае колку),ама во секој случај, повеќе се снаоѓаше, влегуваше во шанси, постигна 10 гола. Оваа година слабо, денеска освен желба за погодок ништо друго не покажа, доста топки потроши, и прокоцка шанси кои порано со мижење ќе ги дадеше. Тоа е реалноста.
 
И јас тоа сакав да го пишам.Штета што немаме ваков напаѓач во нашиот тим.
Абе скроз е будала онај, она што го прави е тотално неможно се коси со физиката и гравитацијата па си игра мајтап против било кој тим игра во Атлетико ама распалува братеее... Н е е нормален
 
Абе скроз е будала онај, она што го прави е тотално неможно се коси со физиката и гравитацијата па си игра мајтап против било кој тим игра во Атлетико ама распалува братеее... Н е е нормален
Неговата статистика: 48 настапи - 40 гола.

Со него во тимот, исто како да почнал натпреварот со предност од 1-0 :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom