Vartolu
The Infamous Mobb
Се сложувам. Треба квалитетен напаѓач за овој Јуве максимално да го користи својот потенцијал.Во ред е да се бара замена за Асамоа затоа што ќе биде на Купот на Афрички нации ама дали некој во тимот гледа дека најдобри стрелци ни се Маркизио и Видал? Јас разбирам головите да се распоредени на цел тим ама не оди ни напаѓачите да ни имаат ист број на голови со Лихт и со Асамоа.
Се виде замор на играта кај играчите (последица од мечот со Шахтјор), но важно е тоа дека и со игра под потенцијалите сепак се добиваат натпреварите, зошто против ваквите екипи се зема титула, добар показател е Јуве пред три години: победа против големите, порази од тимови како Каљари, Сиена, Киево итн. и на крај резултат: 7 место.
Но ако сакаат да продолжат и да бидат конкурентни во ЛШ, мора да се ангажира еден добар напаѓач.
Штета за Матри. Никако да му тргни оваа сезона.