Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Иако имавме иницијатива и посед на топката во текот на 90 минути, многу грешки направивме во средината на теренот.Видал,Пирло и Маркисио играа без памет у глава.Исла беше катастрофа,Асамоа беше одлично чуван а нападот беше отсечен.Се надевам Конте ќе им одржи воспитна на играчите и чекаме да дојде 9 декември кога ќе се врати. Forza Juve !
 
Некој слави како титула да земале а забораваат кој е на 1 место :love:
 
Најголема грешка беше тоа што утакмицата ја започнавме со МВП на средина требаше да се одмори барем некој, мн лоша игра но не заслуживме пораз од толку просечна екипа на ранк на Каљари ако не беше судијата ке останеше 0-0 и тоа е тоа. Падоин беше светла точка на натпреварот, судијата го прогласува Мan of the match ... Сепак овај пораз не боли ни најмалку па ни пеналот бар сигурно не поќе од голот на Мунтари :P
 
Слаба игра, очигледен замор кај играчите. Видал и Маркисио толку анемични не сум ги видел. Првиот кога ќе се составеше со топката како да не знаеше шо треба да прави, вториот тешко се составуваше со топка. Настрана од тоа дека тие се криви за поразот (да не бидам пограшно разберен)

Не ми се допаѓа реакцијата на Кваља. И со Лазио кога беше сменет некако нервозно делуваше. Сакам да кажам дека не треба да се бунтува затоа што го заменуваат, сепак се знае кој е тренер.
 
Јуве беше очаен вечерва, да бидеме реални. Од очајниците би ги издвоил Исла, Асамоа, Маркизио, Кваљарела, Вучинич. Да беше пријателска, овие петорица требаа да летаат уште на полувреме. Кружевме како прдеж во гаќи низ половината на Милан а имавме едвај 2-3 шута во рамките на голот. Епа така не се добива меч на гости кај Милан. Фала богу што Конте кај да е се враќа зошто овој Алесио ги испушта полека конците. Од кога е дојден веќе трето дерби сме без победа. Знам дека титула се зема со победи против малите екипи ама редно е и некое дерби да добиеме за лична сатисфакција.
 
Јуве беше очаен вечерва, да бидеме реални. Од очајниците би ги издвоил Исла, Асамоа, Маркизио, Кваљарела, Вучинич. Да беше пријателска, овие петорица требаа да летаат уште на полувреме. Кружевме како прдеж во гаќи низ половината на Милан а имавме едвај 2-3 шута во рамките на голот. Епа така не се добива меч на гости кај Милан. Фала богу што Конте кај да е се враќа зошто овој Алесио ги испушта полека конците. Од кога е дојден веќе трето дерби сме без победа. Знам дека титула се зема со победи против малите екипи ама редно е и некое дерби да добиеме за лична сатисфакција.

Претходната сезона имавме одличен скор на дерби натпреварите, а сега....
 
Pocnavme da kiksame i protiv malive ekipi,koi se borat za opstanok,ne e na arno rabotava.Zamorot od mecot so Celzi bese ocigleden,no definitivno ne smee da bide opravduvanje za vakvoto slabo izdanie vecerva.So igrava sto ja prikaza Milan,ispadna deka poklonot od Ricoli im bese presuden za pobedava,ali ne placeme kako nekoi drugi na forumov,koi pri greska na sudijata vo korist na Juve pisuvaat 20 strani so zalopjki i teorii na zagovor.
 
на што дроги беше исла утакмицава.. иначе сите киксови ни се од поголеми екипи,да ги плескаме само малите екипи и доволно е а сеа интер имаат тежок распоред па може пак да се врати предноста:)
 
12556_394409397307964_1967974217_n.jpg
 
Поразот и не е толку голем. Играчите сеуште имаат кредит за играта против Челзи, и до негде очекував губење поени кај Лацио или Милан (отприлика победа и пораз) со оглед на тоа дека Челзи беше финале за нас и играчите се што имаа оставија таму.

Јасно е како даде гол Милан нема потреба да потсетувам, но за разлика од нив, Јувентус ги прифаќа сите одлуки на теренот без разлика во чија корист идат.

Често се случува кога екипа ке постави ваков хипер дефанзивен пристап на игра, противникот да не постигне гол. 10 души во 16 метри и преку контри е доста ризичен пристап, али на крајот само на 1 му се исплаќа. Ако дадевме еден гол, ке дадевме уште 1-2 и ке го отворевме Милан.

Како и да е, целиот тим извади максимум без Конте во овие 5 месеци. Неговото присуство на теренот ке биде ке значи многу за играчите. И Буфон уште во Септември кажа дека Конте значи премногу за играчите, и дека ке биде лага ако некој помисли дека и без него ке можат да победуваат од шала.

Од сезонава има уште многу. И утре со победа на Интер Јувентус пак останува прв. Изгубениве бодови можат да се надополнат без проблем. Во овој период Конте стави акцент на Челзи на Шахтјор што е и многу логично.

Само се надевам едно, дека нема вака да играме во Украина :D
 
Очигледно е дека натпреварот со Челзи си оставил последици, особено во средниот ред. Нормално е дека и Видал,Пирло и Маркизио можат понекогаш да изиграат слаб натпревар.

Како и да е, Интер сеуште нема изиграно со Парма, а Парма не е толку лесен и наивен противник особено кога игра со фаворитите, знае често да направи проблеми, иако Интер важи за голем фаворит. Но, и да победи Интер, Јуве сеуште ќе го има првото место, така да се додека се први на табела целата работа зависи само од нив самите.

Грешката за пеналот не е за коментирање. Од едни од признаено најдобрите судиски организации, Италијанската судиска организација спадна на ниво за потсмев, реномето му е рамно на нула. Тоа се докажа милион пати оваа сезона независно дали е на Италијанско и на Европско натпреварување.
 
Како и да е, целиот тим извади максимум без Конте во овие 5 месеци. Неговото присуство на теренот ке биде ке значи многу за играчите. И Буфон уште во Септември кажа дека Конте значи премногу за играчите, и дека ке биде лага ако некој помисли дека и без него ке можат да победуваат од шала.
Точно, Конте многу ќе значи за Јуве, особено во оние моменти кога ќе падни темпото на играта во текот на натпреварот.

Друга работа. Немам ништо против Алесио, но мислам дека Карера многу подобро си ја вршеше работата како заменик на Конте, и требаше тој да си ја доврши работата. Иако Конте ги води стратегиите и тактиките, сепак сметам дека Карера успеваше многу подобро тоа да им го пренесе на играчите отколку Алесио, иако Алесио според анализите минатата сезона, е човек десна рака на Конте, задолжен за текот на тренингот, особено за средината на теренот, и е втор во хиерархијата на тимот тренери на Јувентус
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom