Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Мачо напад Бербатов - Вучинич :icon_mrgr:.
Ке заспијат на полувреме!
:pos:
Стрелчо и Белчо работава

Туку незнам зошто ни е Џовинко, мое мислење е дека неможе баш да се снајде во тим кој напаѓа постојано.Во Парма беше друго, контра ,слободен удар, пенали така ги даде головите.Ја нема висината за да се бори постојано пред 16ник.Да се надеваме дека ќе ме демантира ама не ми се верува.
А за Бербава пред некој ден не сакав да дојде, но како изминува времево се гледа дека немаме капацитет да донесеме некоја вистинска ѕвезда па за инает на Фиорентина го донесовме овој, тоа е тоа:rolleyes:
 
50 навивачи на Фиорентина уште го чекаат Блгарчето во Фиренца. Морам да признаам ова е еден од оние најинтересни трансфери.

Гледам дека во глобала коментарите за Бербатов се негативни, но мислам дека повеќето грешат. Димче ќе ја заврши истата работа како и Љоренте, може и подобар ќе биде, а го плативме само 5 милиони евра, за разлика од 35-те кои ги бараше Билбао. Ова е добра зделка на Марота, им го украде од пред нос на Фиорентина, тие кутрите па дури и картата до Италија му ја платиле :))). Бербатов ќе биде најдобар стрелец сезонава, дава минимум 15 гола... Ајде со среќа нека ни е
 
ако е само за тролање на фиренца нека им биди,ама поќе ни обеќаваја на крај на прошла сезона ко го испраќаја Пинтурикио
553847_443433419032238_1105964747_n.jpg
 
Како и секогаш, ќе кажам и сега : Не навивам за играч, навивам за Јувентус, така да и дедо ми да дојде да игра ако дава голови и дава придонес добредојден е, ако не покаже ништо (како Бориело) парталите и ауфидрзен ! Толку од мене за овој трансфер на Бугарчето..
 
:D Бербатов ке изигра оваа година па другата година Љоренте без пари ке дојде и ке се врати Чиро
 
3712367_700b.jpg
 
Мојме да заборајме на Јоветич сеа а ? :LOL:

Инат шо ти прајт, ви реков јас ќе дојт некој шо не е спомнат ниту еднаш, ама аку, Бербатов не е лош, воопшто не ми сметат, добар напаѓач е, сигурно Матри ќе научит нешто од него.
 
Бербатов има феноменално чувство за гол, Марота беше во потрага по таков напаѓач. Има кој да го храни со топки, неговото искуство е многу големо и нема потреба за критики, да му дадеме време, па ќе видиме, јас сум оптимист, сигурен сум дека добро ќе се покаже.
 
Искрено, статистикиве му се ок.
http://soccernet.espn.go.com/player/_/id/12724/dimitar-berbatov?cc=5739
То шо си го гледаме за намајтап е друга работа
 
Дај да не плукаме , уште недојден Митко го прогласивте за флоп.

Не дека ми е нешто посебно по мерак со оглед на тоа со какви имиња не спомнуваа, но сметам дека и Бербатов може да даде придонес за успехот на Јуве.

Ќе има доста утакмици сезонава и сигурни се според мене следниве работи:
- не може сите напаѓачи да се во голгетерска форма
- многу често се мачиме со екипи што играат катанаџо
- Вучинич често влече по 2 играчи што отвара простор за другиот напаѓач
- солиден финишер е

Тука некаде треба да се бара придонесот на бербатов во овој Јуве според мене.
 
50 навивачи на Фиорентина уште го чекаат Блгарчето во Фиренца. Морам да признаам ова е еден од оние најинтересни трансфери.

Гледам дека во глобала коментарите за Бербатов се негативни, но мислам дека повеќето грешат. Димче ќе ја заврши истата работа како и Љоренте, може и подобар ќе биде, а го плативме само 5 милиони евра, за разлика од 35-те кои ги бараше Билбао. Ова е добра зделка на Марота, им го украде од пред нос на Фиорентина, тие кутрите па дури и картата до Италија му ја платиле :))). Бербатов ќе биде најдобар стрелец сезонава, дава минимум 15 гола... Ајде со среќа нека ни е
Љоренте е добар напаѓач,ама Марота понуди онолку колку што е неговата реална вредност 18 милиони + бонуси за една година од завршување на активниот договор, но Билбао бараа 36, ако не го продадат до крајот на месецов ќе си оди безпари.

Бербатов е три-четири класи подобар од Бориело, Бенднер и слични просеци. Конте ќе го извлечи од него максимумот.

А за тоа што тимот од Фиренца, Флорентиа Виола односно Фиорентина е мала екипа која еднаш на 30 години се пласира ЛШ, никој не им е виновен. Нормално е Бербатов да сака да игра во голем клуб во Италија како Јувентус и да се бори за титула и да игра во ЛШ, отколку да се потпиши за Фиоре и максимум дострел да му биди играње во Лига на Европа.
 
I dont always play

But when i do - I score 4 or 5 goals
Реално гледано,цело време ни мачкаја очи дека Јувентус ќе го засилел нападот со некоја класа вакво такво,па боље да го купеа Дрогба,и тој е стар ама докажан,и главен виновник за титулата на Челзи во лигата на шампионите.А што Бербатов? Стрелец најдобар пред 2 години,и што дека?Асален напаѓач фали пошто немаме завршница.
--- надополнето: 29 август 2012 во 21:16 ---
http://www.taratur.com/node/36405 a ova?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom