Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Не се секирајте за првиот гол дека не е наш.Местеле за 7 + и овие другиве први да постигнат гол.Од секаде собираме пари:pos:
 
по се изгледа ќе има голчиња сезонава,со вакви расположени Матри-Кваљарела нема што да бара некој како Агуеро во тимот....по Се изгледа левата крилна позиција е најслабата точка во тимот
 
Ме радува играта на новиот ЈУВЕНТУС брза динамична и бековите се доста активни (Лиштајнер и Циглер) сеа не е некое мерило натпреваров со Лученто битно играта е добра. Ни фали уште силно лево крило, еден деструктор за чистка да прави на средина и да ни го штити Пирло :) (пошто Мело сигурно си оди) и Роси изгледа е наш и .... И ТИТУЛАТА Е НАША :vozbud:
 
Многу ми е жал за Ф.М. :( ... Играше со срце, на моменти без глава, но сепак е играч со борбен карактер кој го заслужува дресот на Јуве..... Требаше да го повикаат за турнеата, па и таму може да преговара со клубови за трансфер... ех баш ми е криво за него....
 
Честито нови засилувања и револуција во тимот, мило ми е што го гледам големиот Јувентус како се враќа на старите патеки!
 
Честито нови засилувања и револуција во тимот, мило ми е што го гледам големиот Јувентус како се враќа на старите патеки!
фала брат но сепак има уште мн напорна работа да се вратиме кај шо припагаме
 
Со Роси како најавениот Top Player, Конте, без Мело до Пирло и Пирло во 4-4-2 формација, Јувентус ке брка од 5 до 7 место. Барем до сега, летото тече во погрешна насока. . .
 

Се знаеше дека ќе биди вака. Ако му го одземеа скудето на Интер ќе се докажеше дека и тие се вмешани. Бидејќи поминаа 5 години од тогаш немаше да има никакви санкции за Интер а ние ќе се жалевме и ќе требаше да ни дадат оштета од над 400 милиони. Се се врти заради парите во Италија.
 
Како е Јувенташи? Ме немаше 10 дена,али колку што читам,нема ништо ново во поглед на трансфери.

Според Тутојуве,Видал е изгледа се поблиску до трансфер во Јувентус линк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom