шеф на подземје
зумбулот
- Член од
- 25 август 2010
- Мислења
- 1.213
- Поени од реакции
- 76
Не сакам да се расправам ама Јуве не е Реал.
Сумљам дека го имаш гледано стариот Јуве на Липи (првиот циклус) ама еве да ти објаснам неколку работи.
1994- Јуве беше во криза (како оваа сега освен некое си финале во УЕФА се друго му беше како сега нешто преку 5години без титула, дури ни Трапатони со својот втор циклус на клупата мислам дека не успеа да го крени на нозе)
Играчите беа и звезди (Баџо) и обични работници и по некој надежен талент (ДелПјеро).
Со доаѓањето на Липи (во тоа време тој беше тренер од типот на ДелНери ако не и со полошо цв)
Во првата сезона донесе неколку играчи колку да крпи тим а исто и во втората и ниту еден од нив не беше звезда (напротив го продадоја РОБЕРТО БАЏО), освои титула и го донесе ПЈЕТРО ВЈЕРХОВОД (Играч кој во тој момент можеби имаше преку 35 години). Сите Липи го гледаја како ЛУДАК. А тој им врати со титула во ЛШ. и уште повеќе уште две последователни финалиња (нешто шо трењерите од типот на Мурињо, Фергусон, ДелБоске можат само да сонват). За да напрајш тим со таква константност ти треба ќе кажам накратко ТИМ. Значи не 1 не 2 не 5 звезди туку 11 кои ќе бидат компактни и ќе ораат пред нив. Го цитирам коментарот на некој од нашиве бисерџии на тв пред почетокот од финалето со Дортмунд (Јувентус е толку јак шо комбиниран тим од сите други тимови во ЛШ не можи да го победи) - до душа го изгубивме тој меч ама види хајлајтс шо се дешаваше на теренот.
Реал е најдобриот пример дека снобови како Роналдо, ДиМариа, Бензема, Чаби Алонсо не можат да го кренат тимот. преку 10 години наназад имаат звучни имиња и последните 8 години не можат да поминат едно 8мина финале во ЛШ, а во Шпанија едвај креваат глава од Барса (се друго е боранија па не му ја вреднувам ич некоја си титула таму).
Ако си навивач на Јуве треба да ја знајш филозофијата на клубот да се гради врз работници а не манекени, ако сакаш звезди навивај за Real Loosers.
хаххахаа интересно .
Сега не знам во која смисла го кажа тоа дали мислеше дека јувенус не е реал во донос на тоа да купува звезди или во однос на тоа дека е послаб од него во секој поглед ?
Јувентус ако мислиш дека немал звезди во минатото се лажеш како 2 годишно дете .Со буффон,недвед,турам,дел пиеро,канаваро,замброта,ибрахимович..... ако не се зведи не знам кој се .
И јувентус дава големи пари за трансфери еве минатото лето и пред тоа имаат дадено вкупно за трансфери над 100 милиона евра каде се арсенал,ливерпул,манчестер,челзи тука ги нема .Биди сигурен дека ке изненаде јувентус на лето со некое бонбастично име .
Дека е јувентус во криза така е по калчополи ,го уништија тимот магарињата од управата на италија .
п.с нема никогаш да навивам за реал мадрид или било кој друг клуб јувентус ми е влезен во срцето и не се ваде тоа туку така,а сега чим не сум спремен да се откажам нема никогаш бидејки времето се менува а јувентус почнува да лета .