Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Среќен роденден ДЕМОНСФАЛЛ......се надевам честитката ќе ја добиеш веќе со Бари од Алекс и фамилија :wink:
 
продавањето на Диего за само 15 милиони ( и покрај слабава сезона која ја игра во Волфсбирг никој не знаеме како ќе играше како втор напаѓач).
Ако беше оставен Диего, во тој случај немаше да биде купен Кваљарела,а Кваљарела во 5 натпревари даде поголем придонес за Јуве, од тоа што го даде Диего за цела мината сезона.Марота беше доста критикуван за тоа што го продаде за 15 милиони Диего во Волфсбург, а според формата на Диего во Волфсбург,се покажа исправен потегот да се продаде.Можеби Диего да останеше во Јуве ќе играше подобро од лани како втор напаѓач, но дефинитивно немаше да биде подобар од Кваљарела.

Исправни потези? Ако темелот на ЈУВЕ е секоја сезона да се менуваат играчите, да се земаат по 14 играчи на позајмица. И самиот знаеш дека ова што моментално го гледаме ни од далеку не личи на ЈУВЕ, но тоа како ти си ги согледуваш работите си е твое. Секој реален фан се согласува со тоа дека во тимот мора да има промени, и тоа драстични.
Јуве само минатото лето направи драстична промена како во играчкиот кадар,во Управата (нов Претседател, Марота, Паратичи итн),така и во медицинскиот тим,нов тренер,нови помошници итн. Промена која што беше очекувана после катастрофалната сезона.Поголема промена неможе ниту да има.Беа продадени голем број на играчи, беа донесени 11-12 нови играчи.

Дури и Ањели и Марота се свесни дека моменталниот Јуве не е оној Јуве што треба да биде (дури тоа го имаат изјавено неколку пати), и што наликува на името и традицијата на клубот. Но, ниту Ањели ниту Марота ниту пак Дел Нери не можат сите работи да ги променат за само 3-4 месеци,посебно од состојбата во која беше клубот минатата сезона (комплетно демотивиран тим,тим без никаква дисциплина на терен).
 
ако сватиме дека Ква е донесен како замена за Диего-констатацијата ти е одлична.....но тимот требаше да се надоградува,а испуштањето толку лесно на Диего за мене е чекор наназад,играчот требаше да се задржи и да се донеси нешто ново....како ќе изиграше во Јуве оваа сезона тоа никогаш нема да го дознаеме....во ланската катастрофа секогаш беше играч што сака да се докаже и покаже и од петни сили се трудеше.....кој види-виде......
 
^ ДЕМОНСФАЛЛ нека ти е среќен роденденот и како подарок петарда на голот на Бари иако тешко изводливо :P
 
http://www.footballpress.net/?action=read&idsel=77020 Што се деси со овој играч, одамна го немам видено да игра. Повреда е во прашање или нешто друго? Мислам дека не е лошо да го донесеме, во секој случај би бил подобар од Гросо.

П.С. Среќен роденден ДЕМОНСФАЛЛ :salut:
 
Среќен роденден Демонсфалл се најбоље.Амаури да те поздрави со хет-трик против Бари :helou:

Слабо бек слабо само барзаљи се спомнува и тоа стопер што не ни е неопходен за сега иначе добро би ни дошол.Под итно бек зошто најранлива ни е таа позиција неможе да се менуваат 6 души од кој никој не е за во прв тим.Со оглед на ситуациава еден јак бек би бил доволен за до крај на сезонава.Шпиц секако чекаме деновиве :toe:
 
^Срекен ти роденден брат. Јуве нека ти го дадат поклонот викендов наместо нас фановите.
 
Демонсфалл, среќен роденден и од мене и Јуве нека ти поклони една петарда во недела :)
 
Среќен роденден демонсфалл :)

Дечки,нели Ринаудо требаше да се врати во јануари или грешка сум јас?Сепак и да се врати,дечкото е тежок малер,слично како Андраде.Една утакмица изигра и се повреди :)
 
Среќен роденден сине, многу среќни мигови годинава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom