Mr. Mojo Risin'
Porka de Majorka
- Член од
- 14 септември 2008
- Мислења
- 3.535
- Поени од реакции
- 4.445
Ќе пробам да направам мал осврт на натпреваров:
1. Мело- можеби најбитниот играч за нас во тимот покрај Красич. Кога игра он се осеќа цврстина и стабилност во играта. Одличен е во дуел 1на1, многу помага на одбраната, а за фалење е подобрувањето во неговата пас игра.
2. Маркизио- се гледа пад во неговата форма, дали е тоа заради умор или нешто друго е во прашање мора тоа да се среди. Не дека игра лошо, но далеку подруг Јуве гледаме кога тој го дава максимумот. Штета што немаме баш избор за некој квалитетно да го замени,
3. Пепе- овој човек вреди злато. Многу благодарен играч, ја користи шансата да игра за Јуве, напорно работи и не се буни доколку не е првотимец.
4. Штета што Дел Пиеро не може да биде кондицино спремен на секој натпревар, денеска покажа како се игра со срце за клубот. Изјави дека за добри резултати треба напорна работа, а токму тоа го правеше и денеска.
5. Superman is back. Колку само се чувствува неговото присуство. Најбитен момент беше кога направи фантастична парада при крајот и му намигна на некој од одбраната во стил „седи мирен, лесна токпа беше ова“.
6. Бонучи-Келини тандемот покажуваат голема несигурност последниве 3 натпревари особено Бонучи. Не е лошо да седне еден натпревар на клупа, малку да ја чукне главата и да се уозбили.
Горе-доле тоа е тоа, баш ме интересира кого ќе донесе Марота како засилување
Браво за целиот пост:smir: се како што е си напишал.Само јас да додадам дека на тимот очајно му фалат лев и десен бек а исто така и шпиц замена на Кваљарела.И мислам дека ако се доведат достојни засилувања нема да бидеме отпишани од титулата и дека ќе продолжиме со истото темпо од првата полусезона.