Sluzbarski
Македонец
- Член од
- 21 јули 2009
- Мислења
- 3.364
- Поени од реакции
- 78
ако забележавте вчера имаше мал транспарент кај еден од гледачите CRAZY KRASIC :pos2:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
да пишам и јас некој збор за утакмицата
-заслужена победа со оглед на тоа дека Лацио освен голот и шансата на Флокари веднаш после голот немаа други изгледни ситуации да постигнат гол.
-судијата не судеша добро како за нас,така и за нив(имаше 2-3 фаула кои не им ги свирна)
-одличен пас на Сисоко само ме страв ние да не го фалиме,а тој остане на тој пас цела сезона
-друго нема што да пишам,сите изигра перфектно :smir:
Целиот тим работата ја заврши перфектно. Како што напоменаа Ањели и Марота на стартот од сезоната, на Јувентус ке му требаат неколку натпревари да се воигра тимот и плус да се прилагоди на потребите на новиот тренер.
Како што читав и претходно, многу сложени биле тактичките свакања на Дел Нери наречени 4-4-2 и 4-2-4, за кои е потребно време да се совладаат, но откако ке се совладаат се многу успешни. За време на неговото ангажирање, имаше многу скептицизам дали воопшто Јувентус ке може да ги совлада тие техники.
Не само што успеаа да се совладаат техниките, туку и тимот одлично се вклопи во една компактна и фантастично организирана и функционална единка. За сите е најдено вистинското место во тимот, ниту еден фудбалер не пречи во развјот на друг, ниту еден не фака место на друг. Резултатите не се случајни, туку резултатите се плод на точните пресметки на Дел Нери и напорот вложен од фудбалерите.
Работа број еден што ме радува е одбраната, за која од страна на Марота исто така беше констатирано дека ке и треба некое време да се прилагоди. Пред се тука мислам на Киелини и Бонучи кои почнуваат да се разбираат и фантастично да се надополнуваат. Не само што одлично функционираат туку и се способни да се прилагодат на различна игра на противникот т.е. различна формација. Бонучи е токму тоа што му фалеше на Киелини во последниве 4-5 години. Многу добро технички поткован централен стопер, нешто што го немавме ни од Канаваро на времето. Премногу лесно и без панично игра со топка во нозе. Движењето на двајцата е како по координати, едноставно без простор за грешка. Плус во комбинација со тројца во одбраната, кога Гросо е бог знае каде, он иде централно и како old fashioned либеро и ја изнесува топката, како сакате - пешки или со долг прецизен пас напред. Додавањата му се коњак. Вчера, Бонучи имал комплетирано 45 од 49 паса, или 91% успешност.
Прегледај го приврзокот 37863
Фелипе Мело е следната карика во успешната замисла на Дел Нери. Во секој напад на противникот е закован пред одбраната трчајки лево десно(зависно од која страна е тежиштето на игра) со што ја покрива одбраната и во исто време овозможува средниот ред да игра и да се движи на позиција кога ке се освои топка. Вчера и Аквилани жртвуваше дел од својата вистинска улога. Нешто поповлечено од вообичаено, со тон на дефанзивни задачи да се ограничи играта на Хернанес. Да, истиот тој Хернанес кој пред една недела без проблем можеше со една нога да игра против Интер.
Момо со пасот се надмина себеси. Права црнечина од чоек. Наредни 2-3 години не очекувајте нешто слично. Таква работа ретко се гледа. :icon_mrgr
Не знам дали беше инстиктивно или со намера, потегот беше клучен. На Красич беше оставено да одлучи.
Не сакам да го заборавам ниту Соренсен. Едноставно, не можеме да очекуваме повеке од неговата возраст. Тоа е лимитот што може да се достигне на негови години. Секоја чест!
Капата долу за целиот тим, заслужено од секој аспект.
S kojim ste pojačanjem do sada najzadovoljniji?
Bonucci
Krasić
Sorensen
Quagliarella
Pepe
Aquilani
Neko drugi
А интересно МОта и Мартинез ги немаКолку неблагодарна анкета имаат јувебалкан