- Член од
- 3 февруари 2010
- Мислења
- 570
- Поени од реакции
- 69
Кога веќе колку-толку се смирив, да напишам 2-3 збора:
Одлична утакмица, премногу ќе беше и со Лацио да извадиме 1-1, ме радува карактерот на Јуве, се враќаме на старите патеки :smir:
Сторари- добар, немаше работа, но извиси за голот, според мене он е еднинствениот кривец за голот.
Бонучи и Келини се страшна двојка, од натпревар во натпревар се подобро играат и се надополнуваат. Келини е фајтер и игра со срце и муда, а Бонучи е неверојатно интелигенте, смирен и одлично ја чита играта. Кратко време играат заедно, а се страшен пар.
Еден од двајцата МоМ за мене е Соренсен. Највеќе страв ме фаќаше од него, односно како ќе се справи со брзиот Зарате. Коментарот на Влатче кажува се, е му даде да претне. На 18 години да играш со таква смиреност и цврстина, секоја чест. Ако успеат да го дотераат да игра и во офанзива колку толку, може од него да биде одличен бек.
Гросо- многу слабо, но не ни очекував повеќе од него. Нашата најслаба позиција моментално.
Мело, вториот МоМ за мене, цар на средината, не го видов Хернанес цел натпревар. Многу ме радува и тоа што ја поправи пас-играта, годинава дели одлични дијагонали, само нека продолжи така.
Аквилани исто така одличен натпревар, мислам дека тоа што играше против Лацио дополнително го мотивираше, сепак е дете на Рома. Диригент, прав организатор, башка шутот од далеку му е страшен. Прашање на време е кога ќе ја искине мрежата.
За Красич, нема потреба да трошам зборови, од натпревар во натпревар ја докажува својата класа. Само мислам дека треба да шутира малку повеќе. Како да се плаши да упати удар, но верувам дека ќе се среди и тоа.
Маркизио- моторот на овој Јуве, во сенка е на останатите од средината, но трча највеќе, покрива најголем дел од теренот, играч од сенка, но многу се чувствува неговото отсуство кога не игра. Прав јувентино.
Кваљарела, добар, добро се движеше, но немаше некоја 100% шанса.
Јакинта- не беше лош, добро се градеше, улогата веројатно му беше да спушта топки до Кваљарела. Како и да е, не е за прва постава, лошо се позиционира, но засега мораме да се потпреме на него.
Измените солидно се покажаа. Пепе е во добра форма и тоа треба да се користи, Дел Пиеро дефинитивно е за влегување од клупата, го јадат годините, али слободниот му беше ебе*е, Муслера едвај ја одбрани. Сиско се надмина себеси, таков пас можат само Пирло, Чави и Сисоко :pos2:
Дел Нери исто така ме изненадува со неговата тактика, дисциплина и мотивација, само нека продолжи така.
Да не испадне дека е се совршено, морам уште еднаш да се повторам дека ни фали „убиец“ во 16 метри, создаваме премногу шанси, а не се користат. Процентот на реализација ни е лош, а противниците тоа знаат да го казнат. За лев бек не треба ни да трошам зборови.
Како и да е, да ужуваме во победата бјанконери, сосема заслужена, слатка, а како moral boost, очекувам и победа против Киево!