Очекуван пораз. Барем за мене со оглед на тоа дека после победата над Атлетико реков дека првиот пораз сезонава ќе биде против Леверкузен. Не дојде против Леверкузен, дојде 3 дена порано.
Уште од поодамна се чувствува дека тимот има ментална исцрпеност па беше за очекување вакво нешто.
Најбитно сега е како ке реагираат на ова, дали ке потонат во подлабока криза или ќе успеат веднаш да се опорават и да влеземе повторно во серија победи како од почетокот на сезоната.
Брзо ќе дојде Јануари па ќе има можност да се проветри тимот и да се исчистат ѓубрињата.
Факт е дека Сарибол ќе нема оваа сезона, бар додека не се среди средината на теренот, кој ни е најголема болка веќе 2 години. Пјанич е притиснат да наша половина и тимот веднаш се гуши па Роналдо или Дибала доаѓаат на пола терен за да примат топка или да ја изнесат.
Добар отрезнувачки шамар.
Најважно сега е каква ќе биде реакцијата.
Edit: И да, Ањели забораил да го исплати судијата пред утакмица