А шо ти е поентата со Ди Франческо? Ја здрвил Барселона и сега одненадеж е топ 3 тренер во европа?
Кај пишав дека е топ 3 тренери во европа? Патем Ди Франческо со 0 искуство ги здрви Конте и Симеоне, не ги помоча само Барса. Точка толку за него.
Карера освоил титула во Русија и имал искуство во Јуве. Уаааааааааааааау, во Русија освоил титула. Ако не па Раниери нека го земат, има титула во Англија после 1000 години со Лестер и плус бил тренер во Јувентус.
Споредбава вришти... Раниери е тренер од времето на Месопотамија, Карера до вчера беше помошник тренер, а одма во Русија се покажа со резултатите, патем и во Европа покажа солидни достигнувања со Локомотив прошлата сезона.
Инзаги има потенцијал да биди добар тренер, ама то е то шо му треба на Јувентус? или докажан тренер? После 7 години напредок ти бараш некој шо можи ќе го биди во голем тим или некој шо водел големи тимој? Инзаги е измислен за Лацио шо секоја година прај ребилд на тимот од нула.
А Алегри што искуство имаше пред да го превземе Јувентус? Едно мртво скудето со последниот јак Милан, едно загубено скудето од анонимците на Конте, и 100 парчиња во својата мрежа од Берарди и Сасуоло. Инзаги е топ тренер, се гледа и во Италија и во Европа што чудо прави со Лацио, 100% вади од играчите.... па јеботе доволно беше да видиш еден Алегри (wowowow) колку го издоминира, а не пак другите екипи.
Соуса бил добар тренер ама му се десило бродолом. Шта речи. Нека си биди добар тренер на други места и таму нека му се дешават бродоломи.
Него управата го ЕБЕШЕ, Дела Вале што не му носеше играчи, башка тоа што со денешната Фиорентина не можеш да имаш некој позначаен успех.
За Спалети не знам дали ти точно пишеше, ама на големо тука се збораше за тој да дојди во периодо пред јануар, ко губеше јувентус од сите
За Спалети ништо не сум пишал
Макс велиш бил нула мотиватор. Ова инсајдерска информација ти е, или ти си внатре во соблекувална на полувреме?
Ова е веќе муабет за 5 годишни деца... финта стара колку времето.
Хејнкес е мотиватор можи, или Зидан шо вероватно ќе им донеси трета титула по ред во ЛШ - по твој стандарди за мотиватори (тие шо се дерат покрај аут линија)
Или па можи е Хејнкес, од кај да знам, ама со сигурност знам дека е одличен стратег и знам колку е то битно за Баерн и кој е Баерн со него.
Хејнкес ги подигна умрените играчи на Баерн едно 100 нивоа погоре, нема играње со стариот. Што со работа, што со дисциплина, што со тактика, што со мотивација... ај погоди во овие 4 точки што фали кај Алегри.
Зидан игра со играчи кои играат заедно со години наназад, башка се знае што авторитет е Зидан во Реал, освен Роналдо примадоната никој не смее да му зуцне на алжирецот.