Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Сега со ладна глава...

Тотално разочаран од синоќа, очекував дека Тотенхем ќе биде тежок противник, али дека ќе не надигра едно 80 минути од тој наптревар на домашен терен, е тоа ни во најлудите соништа не го очекував. Најголема и кардинална грешка на тимот беше што се повлече после двата гола, кога веќе гледаш дека се на колена дади им го завршниот нокаут, не се повлекувај, нема потреба.
Келини разочара синоќа, имаше добри избивања на топка али двата гола паднаа по негова грешка. Сандро беше онака просечен, Бенатија беше ОК, и за чудо Де Шиљо беше еден од постабилните назад, убаво се надополнуваа со Бернардески. Кедира беше Каспер има огромен пад во неговата игра, Пјаниќ и не изигра многу со оглед на тоа што беше маркиран во текот на целиот натпревар. Манџукиќ изигра подпросекот, Берна беше солиден додека Коста имаше животна партија, и заслужува позитивна оценка за синоќешниот перформанс. Марота нека го откупува побрзо од Баерн, нека не се двоуми и нека фрли 40 милиони колку што бараат швабиве. Игуаин класика, со еден потег може да заебе цел меч, ПУ!!!.
За Алегри пишав погоре што мислам, исто и за Валентина.

Следниот дуел се надевам со здрави Дибала, Матуиди, Лихт, Барѕа и со фул состав ќе одиме на се или ништо во Лондон... а дотогаш имаме две текми во Серија А.
 
Клучно беше промената на формацијата со двајца играчи во среден ред од кој едниот е со хендикеп. Ако стартуваше Бентакур можеби ќе ги поскриевме недостатоците на Кедира и немаше да не изгазат вака. После она синоќа поважен е да се врати Матуиди од Дибала.
 
Киелини најмалку е крив за првиот примен гол.. Зошто ? Зошто првин дебелкото не знаеше да подаде асално и во нога им ја даде на играчите на Тотнем, а Александро беше тој што изигра многу аматерски и не извлече офсајд замка, односно тргна да го брка Дрти Хери и за момент застана се повлече ама веќе беше касно.. Нималку е Џорџо крив ....
 
Иначе Игуаин даде два гола, како може да биде крив за нешто, иако промаши ама неможе се тој сам.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Игуаин е крив за пеналот. Како прво тој е слаб шутер се има докажано низ кариерата со промашувањето на многу пенали. Како покрај Пјаниќ е прв шутер е чист знак прашалник. Откако веќе го даде првиот, вториот не смееше да го шутира. Дури и веќе кога го шутираше, само малку да обрнеше внимание на Лорис кој се виде дека нема да мрдне многу лесно ќе го реализираше. Сепак генерално Игуаин изигра добро сношти. Се трудеше, трчаше, се бореше на теренот. Според мене е неблагодарно да се критикува за сношти кога пред него на листата има многу луѓе.

Биде што биде тоа вчера. За реваншот да сум на местото на Алегри ќе размислам за драстична промена во формацијата. Многу зависи од повредите и кој како ќе се враќа, ама ако Матуиди и тогаш не е достапен, а се врати Барзаљи, тогаш мора да се размислува за тројка одбрана, бидејќи тројка средина без Матуиди и со ваков Кедира е невозможно. Исто така Манџукиќ аут(независно дали е повреден или не). 3-4-3 би сакал да видам со ББЦ одзад, Лихштајнер, Пјаниќ, Кедира/Маркизио?!, Алекс Сандро во средината и Бернардески, Коста и Игуаин во нападот. Зависи од тоа Дибала дали и каков ќе се врати, би можело од старт (иако двајцата според сегашните игри заслужуваат прв тим) или најдобро од клупа да надополни.
 
Јувентус излезе како ''победник'' на утакмицава.Реално нерешено покрај ваква доминација на средина на терен и општо 80тина минути треба да се задоволни што иаме шанси на Вембли.Тотенхем е тој што треба да жали за тоа што покрај таква доминација имаа горе доле шанси за гол колку што имаше и Јувентус.

Игравме со играч ипол у средина на терен.Кедира не постоеше на терен а Берна не е играч што може да игра на таа позиција,така да реален везњак беше само Пјанич.Многу лош момент,можеби најлош момент да се повреди Матуиди беше овој период,односно оваа утакмица.На вакви тешки утакмици се гледа играта на играчи ко Матуиди,а не на утакмици со тимови од серија а.Премногу беше потребен покрај Пјанич у дуели со Ериксен и овој марсовецов Дембеле.

Сепак Јуве мислам дека има реални шанси за пролаз,ако се врати Матуиди пред се,и Дибала.

Алегри е добар тактичар,верувам дека ќе ја анализира утакмицата врхунски, и ќе има одговор у Англија.Чим бевме на чекор до поминување на Баерн пред две години со ист таков резултат и доминација,не гледам зашто не би поминале и со Тотенхем.
 
Алегри ви е најголем кривец за резултатот. Не можеш на 2-0 у 10 мин да се повлечеш против квалитетен тим како Тотенхем. Требаше си продолжи во исто темпо прво дур беа во шок другиве да им збрцаше уште еден гол. Ама не он ќе брани резултат во двомеч уште во 10 мин прво полувреме.
 
Алегри ви е најголем кривец за резултатот. Не можеш на 2-0 у 10 мин да се повлечеш против квалитетен тим како Тотенхем. Требаше си продолжи во исто темпо прво дур беа во шок другиве да им збрцаше уште еден гол. Ама не он ќе брани резултат во двомеч уште во 10 мин прво полувреме.
Јас мислам Алегри си беше ок, Дебелкото имаше чиста шанса за 3-0 и пенал за 3-1.. Тука требаше да се бара шансата за победа..
 
Го додадоа на Netflix серијалот за Јуве, засега се само три епизоди од по 40 минути.
 
После она во вторникот има ич не ми се гледа документарна со Јувентус...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom