Го гледав прво полувреме само, излегов потоа и си се чудев како е можно да дозволивме Интер да ни надокнади негатива од 3-0. Пристапот во првото ни беше очај, формацијата 4-4-2 ни беше катастрофа. Премногу ни беа развлечени играчите на страната, за тим како нашиот кој е навикнат да игра со тројца позади и тројца во средина, преголема промена беше двајца позади и двајца во средина, со оглед на тоа што Квадрадо и Асамоа премногу бегаа бочно. Огромна дупка имаше централно, реално Алегри денеска не знаеше кај тера, колку и да се обиде некој да го амнестира од одговорност. Добро спомена Ширеа, му се случи со Милан 4-0 водство против Арсенал речиси да го прокоцка, истото му се случи и сега. Не е случајност тоа, едноставно не знае да го постави тимот при големо водство од првиот меч, како да се губи.
Утре ќе го гледам цел меч на раат реприза ќе го има на СК2 и на СК3, ама во секој случај срамота е ова што го дозволивме денеска, без оглед на тоа што се пласиравме во финале.